Од идната година мотоциклистите во Париз ќе мораат да плаќаат за паркирање, за е-скутерите бесплатно


Од 2022 година, мотоциклистите во Париз ќе мораат да плаќаат за паркирање, додека електричните мотоцикли ќе можат да паркираат бесплатно.Со таквата одлука, париските власти се обидуваат да ги намалат бучавата и загадувањето, јавија француските медиуми. Од јануари следната година, мотоциклистите кои не се граѓани на еден од 11-те централни арондисмани, ќе плаќаат три евра за …

Од идната година мотоциклистите во Париз ќе мораат да плаќаат за паркирање, за е-скутерите бесплатно Read More »

Црна Гора од утре ги олеснува мерките против КОВИД-19


Од утре во Црна Гора стапуваат на сила нови епидемиолошки мерки, максимално либерализирани, соопшти денеска Министерството за здравство. Режимот на граничен премин за земјите од регионот не е променет. Одлуката е донесена врз основа на проценка на моменталната епидемиолошка состојба и бројот на вакцинирани жители, како и пад на бројот на заразени лица, на предлог …

Црна Гора од утре ги олеснува мерките против КОВИД-19 Read More »

Комисијата за историски прашања меѓу Бугарија и Македонија на состанок во октомври


Следниот состанок на Комисијата за историски прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе се одржи во октомври. Тоа е по барање на македонската страна, изјави за БНТ копретседателот на таа комисија Ангел Димитров. – Нема напредок, но и нема што да се промени брзо. Речиси ништо не е исполнето со Договорот за пријателство и соработка…Тоа …

Комисијата за историски прашања меѓу Бугарија и Македонија на состанок во октомври Read More »

Британските лекари го идентификуваа индискиот сој на новиот коронавирус како најопасен и заразен


Британските лекари го идентификуваа индискиот сој на новиот коронавирус како најопасен и заразен, покажува студијата објавена во „Лансет“. Специјалисти анализираа случаи на пациенти во Шкотска помеѓу 1 април и 28 мај оваа година. Кај 99 отсто од нив е извршен целосен преглед на текот на болеста. За време на разгледуваниот период, регистрирани се 19.543 потврдени …

Британските лекари го идентификуваа индискиот сој на новиот коронавирус како најопасен и заразен Read More »

Инфлацијата во ЕУ 2,3 проценти, во еврозоната 2,0 отсто


Најниски годишни стапки на инфлација се регистрирани во Грција, Малта и Португалија, а највисоки во Унгарија, Полска и Луксембург Стапката на инфлација во Европската унија изнесуваше 2,3 проценти на годишно ниво во мај, и 2,0 проценти во еврозоната, објави Европското биро за статистика Евростат. Инфлацијата од година на година во ЕУ беше 2,0 проценти во …

Инфлацијата во ЕУ 2,3 проценти, во еврозоната 2,0 отсто Read More »

Кинеските „рудари“ на биткоин се селат во Тексас


По заострувањето на мерките за трговија со криптовалути во мај, се повеќе се зборува за нова локација што би била соодветна за преместување на голем број рудари на биткоин од Кина. Очигледно, дестинацијата е државата Тексас во САД. Благодарение на голем дел од електричната енергија што доаѓа од обновливи извори, американската држава Тексас може да …

Кинеските „рудари“ на биткоин се селат во Тексас Read More »

Авион на новата црногорска авиокомпанија ќе остане без мотор поради долг на Монтенегро ерлајнс


Вториот авион во сопственост на „ТоМонтенегро“ ќе остане без мотор поради долгот на „Монтенегро ерлајнс“, бидејќи компанијата ГЕЦАС, која го изнајмувала, веќе започна постапка за негово симнување. Ова за „Вијести“ го одговориле од новата национална авиокомпанија, со образложение дека нема да го платат долгот на поранешната државна авиокомпанија, бидејќи немаат законска основа за тоа. „Монтенегро …

Авион на новата црногорска авиокомпанија ќе остане без мотор поради долг на Монтенегро ерлајнс Read More »

Осака се повлекува од Вимблдон, но цели кон Олимпијадата


Светскиот тениски рекет број 2 во тенис за жени, Наоми Осака се повлече од шампионатот во Вимблдон од лични причини, но ќе биде подготвена за Олимписките игри во Токио, изјави нејзиниот агент во четвртокот, јави Ројтерс. Осака се откажа од Отвореното првенство на Франција по победата во првото коло, откако организаторите ја казнија со 15.000 …

Осака се повлекува од Вимблдон, но цели кон Олимпијадата Read More »

САД ќе инвестираат над три милијарди долари во развој на антивирусни лекови


САД ќе инвестираат 3,2 милијарди долари за да го унапредат развојот на антивирусни таблети против Ковид-19 и други опасни вируси кои можат да се претворат во пандемии. Главниот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, денеска во обраќањето во Белата куќа ја објави оваа инвестиција како дел од новата „антивирусна програма за пандемии“. Програмата …

САД ќе инвестираат над три милијарди долари во развој на антивирусни лекови Read More »

Пандев: Верував дека можеме барем до бод против Украина


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, по денешниот пораз (1:2) од Украина рече дека за добар резултат не се доволни добри само 45 минути. – Треба да играме цел натпревар како што игравме во второто полувреме. Жал ми е што го изгубивме натпреварот. Се надевав дека можевме барем до бод. Бевме малку во грч. …

Пандев: Верував дека можеме барем до бод против Украина Read More »

Ангеловски: Во второто полувреме ја видовме вистинската Македонија


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги кажа своите впечатоци по денешниот пораз (1:2) од Украина. – Одигравме меч со две различни полувремиња. Сакавме да влеземе претпазливо, а во второ да бидеме поофанзивни. Во второто полувреме ја видовме вистинската Македонија. Покажавме дека имаме квалитет и дека заслужено сме на Европско првенство. Жалиме поради тоа …

Ангеловски: Во второто полувреме ја видовме вистинската Македонија Read More »

САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во развојот на заедницата


„Рудник САСА“, преку новоформираната Фондација за поддршка на одржливиот развој, ја потврди својата намера да продолжи годишно да вложува повеќе од 300.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница. Ова беше соопштено на средбата на претставниците на менаџерскиот тим на САСА со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која по …

САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во развојот на заедницата Read More »

Водородните машини на „Брако“ претставени во десетина градови во Франција


Десетина градови во Франција, многу средби, впечатоци и позитивни искуства донесе првата турнеја на зелените машини на велешки „Брако“ од линијата „Грин машинс“. Претставници на повеќе француски општини имаа можност во живо да се запознаат и да го тестираат револуционерното возило за одржување хигиена во урбани средини, GM500H2, кое работи на водороден погон и со …

Водородните машини на „Брако“ претставени во десетина градови во Франција Read More »

Храбро до последниот свиреж: Македонија загуби од Украина со 1 : 2


Македонската фудбалска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство во фудбал, овој пат против Украина, со 2:1. Избраниците на Игор Ангеловски играа храбро и до последен момент настојуваа да направат пресврт, откако во првото полувреме Украинците поведоа со 2:0.  Второто полувреме изобилуваше со возбудливи моменти, беа досудени и два пенали, по еден за двете …

Храбро до последниот свиреж: Македонија загуби од Украина со 1 : 2 Read More »

Поради големата побарувачка за готовина, Албанија воведува нова банкнота


Банката на Албанија пушти во оптек банкнота од 10.000 лека, вредна нешто над 80 евра. Банкнотата од 10.000 лека е дел од новата серија банкноти што се воведуваат од 2019 до 2022 година. Тоа е двојно поголема од вредноста на банкнотата од 5.000 лека, што претходно беше највисок апоен во оптек во Албанија. Банкнотата содржи …

Поради големата побарувачка за готовина, Албанија воведува нова банкнота Read More »

Инвестициите во човечкиот капитал ќе го забрзаат економскиот раст


Човечкиот капитал е во директна корелација со економскиот раст, односно преку раст на знаењата и вештините на граѓаните може да се делува кон забрзување на растот. Оттаму, еден од приоритетите во плановите и проекциите за заздравување и забрзан раст се инвестициите во човечкиот капитал, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на вебинарот организиран од Економскиот …

Инвестициите во човечкиот капитал ќе го забрзаат економскиот раст Read More »

(Видео) Тренингот на македонската репрезентација хит на социјалните мрежи


На Твитер денеска беше поставена снимка од уникатната вежба на македонските репрезентивци во пресрет на натпреварот со Украина, на која се чини дека избраниците на селекторот Ангеловски тренираат со „корнети сладолед“. Попрецизно, тие тренираа со конуси, во кои се ставени фудбалските топки, но сето заедно наликува на големи сладоледи.  Симпатично, нема што. ?? North Macedonia …

(Видео) Тренингот на македонската репрезентација хит на социјалните мрежи Read More »

ФЕД објави краен рок за зголемување на каматите – очекува поголема инфлација


Федералните резерви на САД (ФЕД) значително ги зголемија предвидувањата за инфлацијата за оваа година на седницата што заврши доцна синоќа и најави поблиска временска рамка во која ќе започне да ја зголемува каматната стапка. Сепак, американската централна банка не даде навестување за тоа кога ќе започне да ја намалува својата агресивна програма за купување обврзници, …

ФЕД објави краен рок за зголемување на каматите – очекува поголема инфлација Read More »

(Галерија) 45 илјади литри вода во минута и скала од 45 метри: ова е новото повеќенаменско противпожарно возило


Град Скопје доби нова противпожарна скала од 45 метри. Станува збор за повеќенаменско возило кое има пумпа за вода со капацитет од 45 илјади литри во минута, а може да се користи и како кран за подигнување на тежина до четири тона. Противпожарната бригада на Град Скопје, заедно со припадниците на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, …

(Галерија) 45 илјади литри вода во минута и скала од 45 метри: ова е новото повеќенаменско противпожарно возило Read More »

Вучиќ се пофали со странски инвестиции од 1,4 милијарди евра за пет месеци


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва соопшти дека во првите пет месеци годинава странските директни инвестиции во Србија изнесувале една милијарда и 413 милиони евра, што е за 12,7 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. – Србија е на третото место во Европа според стапката на раст, зад Луксембург и Естонија. Очекувам огромен …

Вучиќ се пофали со странски инвестиции од 1,4 милијарди евра за пет месеци Read More »