Вучиќ се пофали со странски инвестиции од 1,4 милијарди евра за пет месеци


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва соопшти дека во првите пет месеци годинава странските директни инвестиции во Србија изнесувале една милијарда и 413 милиони евра, што е за 12,7 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.
– Србија е на третото место во Европа според стапката на раст, зад Луксембург и Естонија. Очекувам огромен скок, седум проценти на годишно ниво, што би значело драстично поголеми пензии и плати – ссоопшти Вучиќ на Инстаграм профилот „авучиќ“.