Поради големата побарувачка за готовина, Албанија воведува нова банкнота
Банката на Албанија пушти во оптек банкнота од 10.000 лека, вредна нешто над 80 евра.
Банкнотата од 10.000 лека е дел од новата серија банкноти што се воведуваат од 2019 до 2022 година. Тоа е двојно поголема од вредноста на банкнотата од 5.000 лека, што претходно беше највисок апоен во оптек во Албанија.
Банкнотата содржи симболи на албанското знаме и националната химна, како и портрет на Александар Ставре Дренова, познат и како Асдрени, авторот на националната химна. Банкнотата ќе стане законско средство за плаќање на 31 јуни.
Се пушта во оптек во време на ниска и стабилна инфлација која трае неколку години, вклучувајќи ги сите економски нарушувања за текот на корона кризата, пишува Индикатор.ба.
Гувернерот на Централната банка, Гент Сејко, на 15-ти јуни рече дека е потребна нова банкнота бидејќи албанската економија се шири, но и натаму останува базирана на готовина, и покрај постепеното зголемување на учеството на банките.
– Оваа банкнота од највисока деноминација го следи економскиот развој на земјата и, според сите анализи, ги исполнува барањата на пазарот, рече Сејко, додавајќи дека нејзиното воведување ќе овозможи подобра и поефикасна циркулација на пари, намалување на трошоците за производство, складирање и дистрибуција, а со тоа и зголемување на ефикасноста на Банката на Албанија во управувањето со физичките пари.
И покрај развојот на други начини на плаќање, како на пр. електронски пари, парите во оптек продолжуваат да имаат тренд на раст.
Сејко истакна дека за време на пандемијата имало зголемување на побарувачката за готовина. Во текот на 2020 година, парите во оптек се зголемија за околу 52 милијарди леки, или околу три пати повеќе од растот забележан во 2019 година. Ова продолжи во првите пет месеци од 2021 година, кога имаше зголемување од околу 10 милијарди, пренесува bne IntelliNews.