Соборен светскиот рекорд во фрлање ѓуле
Американскиот атлетичар Рајан Кроузер го собори светскиот рекорд во дисциплината фрлање ѓуле, што од мај 1990 година беше во сопственост на неговиот сонародник Ренди Барнс. На првиот ден од американските олимписки квалификации во сојузната држава Орегон, 28-годишниот Кроузер го фрли ѓулето рекордни 23,37 метри, со што обезбеди настап на Игрите во Токио на кои ќе …