Со концерт на оркестарот на НОБ „Од оркестарот за публиката“ – Опера без зборови ќе биде отворено „Скопско лето“


Со концерт на оркестарот на Национална опера и балет насловен „Од оркестарот за публиката“ – Опера без зборови, вечер во 21 часот ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето 2021“. Концертот опфаќа дела од П.Маскањи, М. Мусоргски, Џ.Пучини, П.И.Чајковски– Р.Леонкавало, Ш.Гуно, В.Белини и Џ.Верди. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ. Од НОБ информираат дека …

Со концерт на оркестарот на НОБ „Од оркестарот за публиката“ – Опера без зборови ќе биде отворено „Скопско лето“ Read More »

Седница на собраниската Комисија за финасирање и буџет


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи седницата на Комисијата за финансирање и Буџет. Членовите на оваа комисија треба да го разгледаат и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на …

Седница на собраниската Комисија за финасирање и буџет Read More »

CreatINNES – Како до развој и брз раст на креативни бизниси и стартапи


Како до развој и брз раст на креативни бизниси и кои се можностите за поддршка на креативни бизниси и стартапи, на овие прашања одговор ќе дадат домашни експерти кои ќе учествуваат на денешниот онлајн настан „CreatINNES“ што го организира Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). Експертите ќе го споделат своето искуство преку презентација на различни …

CreatINNES – Како до развој и брз раст на креативни бизниси и стартапи Read More »

Денеска топло со температура до 36 степени, попладне нестабилно со пороен дожд


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 25 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе …

Денеска топло со температура до 36 степени, попладне нестабилно со пороен дожд Read More »

Две лица загинаа во собраќајка на патот Штип-Крупиште


Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на новиот експресен пат Штип-Крупиште. Надлежните од СВР-Штип потврдуваат дека несреќата се случила околу 16 часот на експресниот пат на четири километри пред штипската приградска населба Три Чешми. Засега нема информации на која возраст се жртвите и од каде се. Познато е дека несреќата се случила при директен …

Две лица загинаа во собраќајка на патот Штип-Крупиште Read More »

Завршен тренинг на македонските фудбалери на Арената „Јохан Кројф“


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во комплетен состав го одржа единствениот тренинг на Арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, на која утре против домаќинот Холандија ќе го одигра завршниот натпревар на ЕУРО2020. По двата пораза во групата Ц од Австрија (1:2) и Украина (1:3) „црвено – жолтите“ влегуваат дополнително мотивирани во дуелот со Холандија, најавувајќи дека ќе …

Завршен тренинг на македонските фудбалери на Арената „Јохан Кројф“ Read More »

ЕУРО2020: Италија го продолжи победничкиот поход, трет пораз на Турција


Италија триумфираше попладнево над Велс со 1:0 (1:0), додека Швајцарија ја совлада Турција со 3:1 (2:0), во завршното трето коло од групата А на ЕУРО2020. Пласман во осминафиналето обезбедија Италија и Велс, додека Швајцарија ги заврши настапите во групата А како третопласирана со идентичен број на бодови како и Велс (4), но поради послаба гол-разлика …

ЕУРО2020: Италија го продолжи победничкиот поход, трет пораз на Турција Read More »

Струјата ќе поскапи, но сметките ќе останат исти?


Колкава ќе биде цената на струјата за граѓаните ќе се знае до крајот на месецов, откако Регулаторната комисија за енергетика ќе излезе со конечните пресметки. Тоа го најави денес првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски, во интервју за Радио Слободна Европа, прецизирајќи дека претходно ќе треба да се реализира тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум …

Струјата ќе поскапи, но сметките ќе останат исти? Read More »

Авион на „Рајанер“ полета предвреме од Тулуз, без сите патници


Летот на компанијата „Рајанер“ од Тулуз кон Мароко замина петнаесет минути порано, но без да ги земе сите патници, кои биле на време на аеродромот, јави дописникот на МИА. Патниците кои пристигнале навреме на аеродромот, но не полетаа, сепак беа на време за полетување, закажано за 7:25 часот. Но, кога пристигнале на терминалот за поаѓање, …

Авион на „Рајанер“ полета предвреме од Тулуз, без сите патници Read More »

Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите кои ќе се пожалат на симптоми на Ковид-19


Освен што нема никакви ограничувања за влез во земјата, Албанија, за сите туристи кои одлучиле да одмораат на нејзиното крајбрежје и другите туристички места, обезбеди бесплатни брзи тестови во случај на појава на симптоми на Ковид-19. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу информираше дека почнале да функционираат 29 здравствени амбуланти каде 24 часа …

Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите кои ќе се пожалат на симптоми на Ковид-19 Read More »

ФЕД предизвика силен пад на цената на златото


Федералните резерви на САД (ФЕД) неделава ги измеша картите на пазарот на благородни метали. Златото падна за шест проценти (или повеќе од 100 УСД на 31,1 унца) од понеделник до петок, најмногу во последните девет месеци, а и среброто и паладиумот не поминаа подобро. Аналитичарите на Комерцбанк остануваат убедени дека златото повторно ќе достигне 2.000 …

ФЕД предизвика силен пад на цената на златото Read More »

НБА: Милвоки Бакс во најлудата мајсторка ги исфрли Бруклин Нетс за историско финале на Истокот


Милвоки Бакс го доби Бруклин Нетс со 115-111 по продолженијата во седмиот, решавачки натпревар од полуфиналето на Источната конференција и ќе се бори против победниците од дуелот помеѓу Атланта и Филаделфија за големото финале во НБА. Тоа беше драма без преседан на Бакс и Нетс, која донесе десет изедначувања и дури 20 измени во водството, …

НБА: Милвоки Бакс во најлудата мајсторка ги исфрли Бруклин Нетс за историско финале на Истокот Read More »

Пакистанските власти со оригинално решение: ќе им ги блокираат мобилните телефони на оние кои не се вакцинираат


Луѓето во најнаселената провинција во Пакистан ги преплавија центрите за вакцинација против Ковид-19 неколку дена откако властите во Пенџаб се заканија дека ќе ја блокираат услугата за мобилни телефони за оние кои одбиваат да се вакцинираат. Пакистанските власти пред неколку дена им се заканија на граѓаните дека ќе им забранат да користат мобилни телефони доколку …

Пакистанските власти со оригинално решение: ќе им ги блокираат мобилните телефони на оние кои не се вакцинираат Read More »

ЕВРО 2020: Португалија со полна мрежа против моќната Германија


Репрезентацијата на Германија ја совлада селекцијата на Португалија со 4:2 во дербито на од второто коло од Ф-групата на ЕВРО 2020. Натпреварот се одигра во Минхен, а Португалците си постигнаа два автогола. За Германија ова се првите три бода на 16. Европско првенство, додека Португалија го забележа првиот пораз. Инаку, ова е прв пат во …

ЕВРО 2020: Португалија со полна мрежа против моќната Германија Read More »

ЕВРО 2020: Поставен нов рекорд по постигнати автоголови


На Европското првенство 2020 не е завршено ниту второто коло од групната фаза, а поставен е рекорд по постигнати автоголови. Петмина играчи досега ја погодија сопствената мрежа на 16. Европско првенство, а два од нив се дела на фудбалерите на Португалија, Рубен Диас и Рафаел Гереиро на дербито со Германија кое е во тек. Покрај …

ЕВРО 2020: Поставен нов рекорд по постигнати автоголови Read More »

Три лица загинаа, двајца се водат за исчезнати при уривање на училишна зграда во Антверпен


Тројца градежни работници загинаа, а двајца сè уште се водат за исчезнати, еден ден откако делумно се урна училишна зграда во Антверпен, Белгија. „За жал, мора да известиме дека третата жртва штотуку е пронајдена под урнатините. Спасувачките екипи сè уште неуморно трагаат по уште две исчезнати лица”, соопштија преку Твитер пожарникарите од Антверпен. Загинатите градежни …

Три лица загинаа, двајца се водат за исчезнати при уривање на училишна зграда во Антверпен Read More »

Велика Британија повторно со над 10 илјади новозаразени со коронавирус


Велика Британија регистрира 10.321 лице заразени со коронавирус во последните 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 4.620.968, соопшти британското Министерство за здравство. Ова претставува најголемо зголемување од февруари, кога случаите нагло паднаа во услови на една од најуспешните кампањи за вакцинација во Европа. Сепак, со ширењето на …

Велика Британија повторно со над 10 илјади новозаразени со коронавирус Read More »

(Видео) Гори склад за пиротехника во Москва, се слушаат експлозии


Голем пожар изби во Москва, во складиште за пиротехника., по што дојде и до серија експлозии. Огнот се прошири од магацинот до соседната зграда. Вкупната површина на пожарот е 150 квадратни метри. „Огнот зафати петарди и други направи исполнети со барут, соопшти Службата за итни ситуации. „Складиштето со пиротехника гори, се слушаат експлозии“, изјави очевидец …

(Видео) Гори склад за пиротехника во Москва, се слушаат експлозии Read More »

И покрај пандемијата, во 2020 година раселени повеќе од 82 милиони луѓе низ светот


Според „Извештајот за глобалните трендови 2020“ на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), бројот на луѓето што побегнале од војни, насилства и прогони во 2020 година, и покрај пандемијата на коронавирусот, надминал 82 милиони,  јави Анадолија. Информацијата доаѓа во пресретн на утрешниот Светски ден на бегалците. Светскиот ден на бегалците се одбележува на …

И покрај пандемијата, во 2020 година раселени повеќе од 82 милиони луѓе низ светот Read More »

Затвореник од Старо Нагоричане пронајден мртов во затворот „Кшање“


М.Ј. (58) од село Старо Нагоричане кој отслужувал казна во затворот „Кшање“, бил пронајден мртов. Случајот е пријавен ноќеска, во 02:45 часот, во Полициската станица Крива Паланка. М.Ј. бил пронајден во отвореното затворско одделение, а по насока на Јавен обвинител неговот тело е дадено на обдукција.