НБА: Милвоки Бакс во најлудата мајсторка ги исфрли Бруклин Нетс за историско финале на Истокот


Милвоки Бакс го доби Бруклин Нетс со 115-111 по продолженијата во седмиот, решавачки натпревар од полуфиналето на Источната конференција и ќе се бори против победниците од дуелот помеѓу Атланта и Филаделфија за големото финале во НБА.
Тоа беше драма без преседан на Бакс и Нетс, која донесе десет изедначувања и дури 20 измени во водството, а победникот беше решен во првото продолжение во мајсторката на доигрувањето по 15 години.

На конечната разврска ѝ претходеше драматичен тек. Кевин Дурант, кој го постави рекордот во најсилната лига на светот во седмиот натпревар од плејофот со 48 поени, погоди од далечина за да изедначи на секунда пред крајот на регуларниот дел од натпреварот, но така што со врвот од патиката „за милиметар“ стапна на линијата која го делеше од постигнување три поени со кои ќе ги однесеше Нетси во финалето.

Иако загуби, Дурант е херој не само од оваа серија, туку и на плејофот. Без повредениот Кајри Ирвинг и со исто така недоволно закрепнатиот Џејмс Харден, тој одигра плеј-оф за анали. Дурант одигра комплетни 53 минути од седмиот натпревар. Тој е првиот играч кој ја одигра секоја секунда од почетокот до крајот на продолжението во плејофот уште од Џими Батлер за Булс во 2014. Со оваој настап,  со 48 поени (шут од игра 17/36, за три- поени 4/11) тој стана најдобриот стрелец во историјата на мајсторките во НБА. На ова тој додаде девет скока и шест асистенции.

Пред тоа, исто така против Бакс, тој стана првиот играч со 45/15/10 на натпревар во историјата на плејофот. Плеј-офот го заврши со 34/9/4 во клучните категории. Сето ова го стори како повратник по најсериозната повреда што може да ја претрпи кошаркар, пукната Ахилова тетива.

Харден исто така мораше да го игра целиот натпревар иако пропушти три натпревари против Бакс поради повреда на тетивата на десното колено. Се виде дека е принуден повратник бидејќи иако неговите бројки се многу добри – 22 поени и девет скока и асистенции – неговиот удар од игра беше очаен (5/17), а за тројки катастрофални 2/12. Кај поразените се истакна и Блејк Грифин со 17 поени и 11 скока.

Победниците ги предводеше Јанис Адетокумбо со 40 поени, 13 скока и пет асистенции, што е исто така историски подвиг. Пред него, само двајца играчи успеаа да постигнат 40/10/5 во седмиот плејоф натпревар. Тоа се Џери Вест и Тим Данкан.

Величествениот дуел помеѓу Јанис и Дурент е само трет пат ривалите да постигнуваат 40+ поени во седмиот натпревар од плејофот. Пред нив тоа го направија само Сем Џонс и Оскар Робертсон во 1963 година, и Леброн Џејмс и Пејл Пирс во 2008 година.

На грчкиот мајстор многу му помогнаа двајца соиграчи. Крис Мидлтон постигна 23 поени со 10 скока, шест асистенции и пет украдени топки. Тој го постигна решавачкиот кош на 40 секунди пред крајот на продолжението.

Тој удар и победата на Бакс дојде кога Брук Лопез го запре Дурент на другиот крај од теренот со својата четврта блокада. Покрај тоа, Лопез постигна 19 поени и имаше осум скока. Кај Бакс вреди да се спомене и Џру Холидеј, кој и покрај многу лошиот удар од игра (5/23), постигна 13 поени, а имаше и седум скока и осум асистенции.