ЕВРО 2020: Португалија со полна мрежа против моќната Германија


Репрезентацијата на Германија ја совлада селекцијата на Португалија со 4:2 во дербито на од второто коло од Ф-групата на ЕВРО 2020. Натпреварот се одигра во Минхен, а Португалците си постигнаа два автогола.

За Германија ова се првите три бода на 16. Европско првенство, додека Португалија го забележа првиот пораз.

Инаку, ова е прв пат во историјата на ЕУРО, актуелниот бранител на титулата да прими четири гола. 

По две кола, Франција води со четири бода, Германија и Португалија имаат по три, Унгарија е последна со еден бод.

Во третото коло на 23 јуни, Португалија ќе игра со Франција, а Германија со Унгарија.