ФЕД предизвика силен пад на цената на златото


Федералните резерви на САД (ФЕД) неделава ги измеша картите на пазарот на благородни метали.
Златото падна за шест проценти (или повеќе од 100 УСД на 31,1 унца) од понеделник до петок, најмногу во последните девет месеци, а и среброто и паладиумот не поминаа подобро.

Аналитичарите на Комерцбанк остануваат убедени дека златото повторно ќе достигне 2.000 долари до крајот на годината. Играчите на крипто пазарот исто така се надеваат на нов раст и нови рекорди, но беа разочарани во последните два месеци, пишува СЕЕбиз.

Многу криптовалути се оддалечени 50 проценти или повеќе од рекордните нивоа. Заработката од биткоинот беше добра во првата половина од неделата и се искачи над 40.000 доалри, но по состанокот со Федералните резерви на САД и објавувањето дека ќе започне да ја зголемува основната каматна стапка една година порано од очекуваното, биткоинот исто така се лизна како сите ризични инвестиции и утрово вредеше околу 35.000 УСД.