Хаос во Казахстан, пристигнаа и руски војници


Казахстан и понатаму го потресуваат немири. Полицијата тврди дека десетици демонстранти биле убиени. Државните медиуми јавуваат и за најмалку 12 загинати полицајци. Стотици луѓе беа повредени. Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, побара интервенција од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO) – сојуз составен од Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан – доцна во …

Хаос во Казахстан, пристигнаа и руски војници Read More »

Бајден го обвини Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија


Претседателот на САД, Џо Бајден го обвини неговиот претходник Доналд Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија во говор на годишнината од смртоносниот напад врз американскиот Капитол од поддржувачите на Трамп кои се обидоа да го поништат неговиот изборен пораз во 2020 година. Зборувајќи во зградата каде што се случија немирите на 6 јануари …

Бајден го обвини Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија Read More »

Грег Попович стана првиот тренер кој бил 2.000 натпревари на чело на еден тим


Натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Бостон (99:97) беше 2.000-ти за тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, кој го помина на клупата на Спарс. Тој стана првиот тренер во историјата кој постигнал ваков резултат. Во 26 НБА-сезони, Попович со Сан Антонио има биланс 1 325 победи и 675 порази. Под водство на Попович, Сан …

Грег Попович стана првиот тренер кој бил 2.000 натпревари на чело на еден тим Read More »

УНЕСКО соопшти дека во 2021 година биле убиени 55 новинари


УНЕСКО соопшти дека 55 новинари биле убиени во 2021 година, пренесе Политико. Новите податоци покажуваат дека 87 отсто од сите убиства на новинари од 2006 година остануваат нерешени. Според УНЕСКО, 55 новинари и медиумски работници биле убиени во 2021 година ширум светот. Иако тој број претставува најнизок годишен број на смртни случаи во повеќе од …

УНЕСКО соопшти дека во 2021 година биле убиени 55 новинари Read More »

Во Хрватска регистрирани рекордни 9.058 нови ковид случаи, позитивни 45 отсто од тестираните


Во Хрватска се регистрирани 9.058 нови позитивни на корона вирусот, најмногу досега. Уделот на позитивни е 45 отсто, односно биле тестирани 19.975 лица. Хрватските медиуми јавуваат дека неофицијално се споменува и воведување нови мерки. Инаку, рекордот беше соборен и вчера, кога имаше 8.587 нови случаи на позитивни на корона вирусот. „Петтиот бран е веќе тука, …

Во Хрватска регистрирани рекордни 9.058 нови ковид случаи, позитивни 45 отсто од тестираните Read More »

Владата во Казахстан ограничува за шест месеци поскапување на горивата во обид да ги смири протестите


Казахстанските власти денеска поставија ограничувања за цената на горивото за шест месеци, откако новогодишното зголемување на цените предизвика протести што се претворија во масовни немири. Демонстрации има низ централноазиската држава од 19 милиони жители оваа недела во знак на бес поради зголемувањето на цената на течниот нафтен гас (ТНГ), што нашироко се користи за гориво …

Владата во Казахстан ограничува за шест месеци поскапување на горивата во обид да ги смири протестите Read More »

Ратификувано учеството на ДЕСФА во акционерската шема на Гастрејд


Учеството на Националниот оператор на системот за природен гас ДЕСФА (DESFA SA) во акционерската структура на Гастрејд (Gastrade SA) – компанијата што ја развива пловечката единица за складирање и регасификација (Floating Storage and Regasification Unit, FSRU) на течен природен гас (LNG) во Александрополис – со стекнување на 20 отсто на нејзиниот акционерски капитал од страна …

Ратификувано учеството на ДЕСФА во акционерската шема на Гастрејд Read More »

Одложено доделувањето на наградите „Греми“ поради Ковид-19


Организацијата зад наградите „Греми“ денеска соопшти дека се одложува доделувањето на музичките награди закажано за 31 јануари поради  сојот Омикрон што се шири низ САД во изминатите недели. „Одржувањето на манифестацијата на 31 јануари едноставно содржи премногу ризици“, се вели во соопштението на американската Академија за дискографска уметност и наука (The National Academy of Recording …

Одложено доделувањето на наградите „Греми“ поради Ковид-19 Read More »

Франција ќе ги олесни ограничувањата за работа на електрани на јаглен


 Франција може да ги олесни ограничувањата за работа на електрани на јаглен за да избегне криза во снабдувањето со електрична енергија, јавија француските медиуми. Пред неколку дена, операторот на енергетскиот систем во земјата предупреди дека во случај на студено време, државата може да остане без електрична енергија откако неколку нуклеарни реактори беа исклучени поради технички …

Франција ќе ги олесни ограничувањата за работа на електрани на јаглен Read More »

Орце Камчев излезе од притвор


Бизнисменот Јордан Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, попладне излегол од притвор. Камчев го напуштил Истражниот затвор Скопје – Шутка во 16.40 часот, потврдија за МИА од казнено поправната установа. Кривичниот совет на Апелацискиот суд вчера одлучи да ја прифати гаранцијата за Камчев од скоро 11 милиони евра, додека неговите патни исправи …

Орце Камчев излезе од притвор Read More »

Петков за Блумберг: Мојата прва посета на Северна Македонија најверојатно на 18 јануари


Бугарскиот премиер Кирил Петков најавува дека датумот на неговата прва посета на Северна Македонија најверојатно ќе биде 18-ти јануари. Во интервју за ТВ Блумберг, како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков вели дека со Ковачевски сакаат да создадат сосема поинаква рамка за разговорите. Посочува дека досега главниот фокус беше на историската дебата, но …

Петков за Блумберг: Мојата прва посета на Северна Македонија најверојатно на 18 јануари Read More »

Германија да го запре гасоводот ако Русија ја нападне Украина, порачува Блинкен


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика Германија да го запре гасоводот Северен поток 2 со Русија доколку Москва ја нападне Украина. „Од наша перспектива, многу е тешко да се види гасот да тече низ тој гасовод, да стане оперативен, доколку Русија ја обнови својата агресија“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со германската министерка …

Германија да го запре гасоводот ако Русија ја нападне Украина, порачува Блинкен Read More »

Казахстан прогласи вонредна состојба, во нередите загинаа осум полицајци и припадници на националната гарда


Казахстан денеска прогласи вонредна состојба на целата територија, откако протестите  ескалираа во немири.  Локалните медиуми јавија за вонредната состојба повикувајќи се на коминике прикажано на државната телевизија на Казахстан. Претходно беше прогласена локална вонредна состојба во областите кои беа најмногу погодени од протестите: економската престолнина на Казахстан – градот Алмати, регионот Мангистау и главниот град на земјата …

Казахстан прогласи вонредна состојба, во нередите загинаа осум полицајци и припадници на националната гарда Read More »

Извозот на компаниите во ТИРЗ лани достигнал рекордни З милијарди евра


Компаниите во ТИРЗ во 2021 достигнаа извоз од 3 милијарди евра за една година што е рекордно ниво досега од постоењето на Зоните. „Првичните анализи покажуваат дека ја достигнавме границата од 3 милијарди евра извоз. Ова е за 15 отсто повеќе споредено со  2020 година и за 6,5 отсто повеќе од 2019 која досега беше …

Извозот на компаниите во ТИРЗ лани достигнал рекордни З милијарди евра Read More »

Нема повеќе чекање – првите пратки од Србија поминале на границата со Македонија


Првите три пратки од секторот за стоки од животинско потекло од Србија во вторник заминаа за Северна Македонија без да чекаат на граничните премини, со што Србија го означи почетокот на имплементација на Договорот за соработка во ветеринарното, фитосанитарното и безбедноста на храната, потпишан во Тирана во декември, како дел од иницијативата Отворен Балкан, јави …

Нема повеќе чекање – првите пратки од Србија поминале на границата со Македонија Read More »

Лани на фирмите вратени 488 милиони евра по основ на ДДВ, за 22,8 отсто повеќе од 2020


Државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8 проценти повеќе во однос на 2020 година и за 20,8 проценти во споредба со 2019 година. Од Министерството за финансии денеска информираа дека кон фирмите по основ на поврат на ДДВ во текот на 2021 година се слеани вкупно 30 милијарди …

Лани на фирмите вратени 488 милиони евра по основ на ДДВ, за 22,8 отсто повеќе од 2020 Read More »

РКЕ: Барањето на ЈСП za цената на ЦНГ е легитимно, но спротивно на закон


Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска преку соопштение појасни дека барањето на директорот на ЈСП упатено до нив да се замрзне цената на ЦНГ (метан) е легитимно, но беспредметно и спротивно на закон, затоа што станува збор за пазарна дејност, која не е во надлежност на РКЕ. Од РКЕ појаснуваат дека согласно …

РКЕ: Барањето на ЈСП za цената на ЦНГ е легитимно, но спротивно на закон Read More »

Службата за заеднички работи на Владата без соодветна евиденција и попис, оценија ревизорите


Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на усогласеност на тема „Попис на средствата, побарувањата и обврските на Службата за заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија“. Како клучни утврдени состојби од ДЗР ги посочуваат: не се воспоставени внатрешна евиденција на недвижни ствари кои ги користи СОЗР и …

Службата за заеднички работи на Владата без соодветна евиденција и попис, оценија ревизорите Read More »

Ова се десетте земји чии економии беа најиновативни во 2021 година


Светската организација за интелектуална сопственост (World Intellectual Property Organization) објави листа на 10 земји чии економии беа најиновативни во светот минатата година. Поредокот изгледа вака: ·         Швајцарија ·         Шведска ·         Соединетите Американски Држави ·         Обединето Кралство ·         Јужна Кореа ·         Холандија ·         Финска ·         Сингапур ·         Данска ·         Германија Швајцарската економија е најиновативната во светот …

Ова се десетте земји чии економии беа најиновативни во 2021 година Read More »

Ворен Бафет заработил 120 милијарди долари од порастот на акциите на „Епл“


Растот на вредноста на технолошкиот гигант „Епл“ (Apple), кој оваа недела ја надмина пазарната капитализација од три билиони долари, му донесе на Ворен Бафет, американскиот бизнис магнат, инвеститор и претседател Беркшир Хатавеј, заработка од над 120 милијарди долари. Компанијата на Бафет почна да ги купува акциите на „Епл“ во 2016 година, а до средината на …

Ворен Бафет заработил 120 милијарди долари од порастот на акциите на „Епл“ Read More »