Годишните мерења на Макстил покажаа минимални емисиони вредности на цврсти честички


Мерењата на емисионите вредности на цврсти честички на Макстил се покажаа на минимално ниво и далеку пониски од граничните дозволени вредности, соопштија од компанијата. Компанијата, мерењата ги спроведе во континуитет од јануари до декември, во текот на цела 2021 година кога се работеше постојано, на двете контролни точки, во двата производни погони. Добиените резултати се …

Годишните мерења на Макстил покажаа минимални емисиони вредности на цврсти честички Read More »

Компанија која ја надмина „Тесла“ – нејзините акции пораснаа најмногу во 2021


Компанијата „Форд“ ја надмина „Тесла“ – нејзините акции имаа најголем пораст во автомобилската индустрија во 2021 година. Иако „Тесла“ беше во центарот на вниманието на јавноста, акциите на Ford Motors пораснаа за околу 140 отсто минатата година, победувајќи ги оние на Tesla, неговиот ривал General Motors и мноштвото стартери на електрични возила. Инвеститорите го наградија …

Компанија која ја надмина „Тесла“ – нејзините акции пораснаа најмногу во 2021 Read More »

Стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2022 година


Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува до шест стипендии за кратки студиски престои, од еден до три месеци, за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научни истражувачки институции во Велика Британија за 2022 година. Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1.000 фунти месечно за институции во Лондон, за …

Стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2022 година Read More »

Судот ја отфрли тужбата против „Нирвана“ за фотографијата од „Невермајнд“


Судот во Калифорнија ја отфрли тужбата против музичкиот бенд „Нирвана“ oд Спенсер Елден, кој бил фотографиран гол како бебе за нивниот албум „Nevermind“. Елден лани ја тужеше рок-групата за наводна сексуална експлоатација, оти сликата, наводно, претставува сексуална злоупотреба на дете. „Нирвана“ минатиот месец побара случајот да биде отфрлен бидејќи, како што велат, неговите аргументи немаат …

Судот ја отфрли тужбата против „Нирвана“ за фотографијата од „Невермајнд“ Read More »

„Сони“ најави компанија за електромобили


Електронскиот гигант „Сони“ го претстави новиот прототип на својот електричен автомобил „Вижн С“ и го најави создавањето компанија која ќе ги истражува можностите за влез во овој брзорастечки пазар. Јапонската компанија, попозната по своите телевизори и конзоли за видеоигри, ќе ја основа својата подружница „Сони мобилити“ пролетта 2022 година. Извршниот директор Кеничиро Јошида го претстави …

„Сони“ најави компанија за електромобили Read More »

Блумберг: Европа во следните два месеца може да остане без гас


Европа ризикува во следните два месеца да остане без гас поради студеното време и малите резерви од синото гориво, пишува Блумберг. Авторите на написот забележуваат дека предусловите за кризата со горивото се преминот кон обновливите извори на енергија и намалувањето на локалното производство на природен гас. Како резултат на тоа, производството на електрична енергија во …

Блумберг: Европа во следните два месеца може да остане без гас Read More »

Канада ќе исплати 40 милијарди долари отштета на домородните деца


Канада ќе исплати 40 милијарди канадски долари отштета за домородните деца кои биле одземени од нивните семејства и ставени во системот на социјална помош. Договорот прредвидува  20 милијарди канадски долари (еден канадски долар чини 42,8 денари) за потенцијално стотиците илјади домородни деца кои биле одземени од семејства и немале пристап или имале проблеми да пристапат …

Канада ќе исплати 40 милијарди долари отштета на домородните деца Read More »

Божик – 7 јануари неработен ден за сите граѓани


Првиот ден на Божик – 7 јануари (петок), според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, неработниот ден е прогласен согласно Законот за празниците. Од Министерството за труд и социјална политика им го честитаат Божик на граѓаните од православната вероисповед.

Владата на Казахстан поднесе оставка по протестите заради цената на горивата


  Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска ја прифати оставката на владата, соопшти неговиот кабинет по протестите против владата, предизвикани од зголемувањето на цените на горивото, а во кои беа повредени речиси стотина полицајци. Полицијата со солзавец и шок бомби доцна синоќа упадна на протест при што од плоштад во Алмати протера стотици демонстранти, а немирите …

Владата на Казахстан поднесе оставка по протестите заради цената на горивата Read More »

Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата


Карневал во Рио де Жанеиро втора година по ред е откажан поради пандемијата на коронавирусот. Градоначалникот Едуардо Паеш ја објави одлуката вчера на својот интернет сајт, по состанокот со претставниците на карневалските групи. Тој рече дека практично не е изводливо да се одржи уличниот карневал додека важат ограничувањата за влез и другите мерки за коронавирус …

Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата Read More »

Иванка и Доналд Трамп помладиот одбија да сведочат во истрагата за бизнисот на нивниот татко


Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп, децата на поранешниот американски претседател, одбија да сведочат во истрагата за наводната измама во врска со бизнисот на компанијата на нивниот татко. Целта на истрагата е да се утврди дали компанијата „Организаја Трамп“ манипулирала со проценетите вредности на својот недвижен имот за да добие заеми и даночни олеснувања. Обвинителката …

Иванка и Доналд Трамп помладиот одбија да сведочат во истрагата за бизнисот на нивниот татко Read More »

САД: Речиси милион случаи на Ковид-19 во еден ден


САД потврдија речиси милион нови случаи на коронавирус во понеделникот, што е најмногу во светот и речиси двојно поголем од бројот постигнат минатата недела, додека високо заразната варијанта омикрон не покажува знаци на забавување.   Бројот на хоспитализирани пациенти е зголемен за речиси 50 отсто во изминатата недела и сега изнесува над 100.000, објавија американските …

САД: Речиси милион случаи на Ковид-19 во еден ден Read More »

На „Криволак“ годинава ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници


  Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска заедно со претставници од Генералштабот и Армијата и претставници од Амбасадата на САД ќе бидат во посета на Армискиот полигон „Криволак“ и ќе направат увид во реконструктивните активности кои се извршуваат на повеќе локации во самиот полигон. Како што соопшти Министерството за одбрана, со инвестиции во патната инфраструктура, …

На „Криволак“ годинава ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници Read More »

Макрон сака да ги „изнервира“ невакцинираните Французи


Францускиот претседател Емануел Макрон вчера за „Le Parisien“ изјави дека сака да ги изнервира Французите кои не се вакцинирани против Ковид-19 и да го ограничи нивниот пристап до социјалниот живот што е можно повеќе. -Сакам да ги нервирам невакцинираните. Ќе продолжиме да го правиме тоа, до крај. Тоа е стратегијата, рече Макрон, додека во парламентот …

Макрон сака да ги „изнервира“ невакцинираните Французи Read More »

Косово забрани рударење на криптовалути


Владата во Приштина донесе одлука да го забрани „рударење“ на криптовалути во Косово, бидејќи се трошат големи количества струја. Косовската министерка за економија Артане Ризваноли изјави дека по препораките на Техничкиот комитет минатата недела донела одлука за итни мерки за забрана на „рударење“ на криптовалути, го пренесува Косово онлајн пишувањето на порталот Репортерс. – Врз …

Косово забрани рударење на криптовалути Read More »

Поланд: Не можеме да го вакцинираме целиот свет на секои шест месеци


Не можеме да ја вакцинираме целата планета на секои шест месеци, тоа не е одржливо, предупреди проф. Ендрју Поланд, претседател на британското JCVI (национално тело за вакцинација и имунизација) во интервју за Телеграф. Поланд верува дека за четвртата доза од вакцината треба да се почека „додека не се појават повеќе докази“ и повика приоритет во …

Поланд: Не можеме да го вакцинираме целиот свет на секои шест месеци Read More »

Ливерпул бара одложување на полуфиналето на Лига купот против Арсенал поради коронавирус


Ливерпул поднесе барање за одложување на полуфиналето на англискиот Лига куп против Арсенал поради голем број случаи на коронавирус, објавено е на официјалниот сајт на клубот. Се посочува дека клубот смета дека е неопходно да се одложи натпреварот поради неколку случаи на инфекција и повреди. Исто така и денешниот тренинг на „црвените“ од Енфилд е …

Ливерпул бара одложување на полуфиналето на Лига купот против Арсенал поради коронавирус Read More »

Членките и сојузниците на ОПЕК ќе го зголемат производството на нафта од февруари


Членките на Организацијата на производители на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници денеска одлучија да го зголемат производството со надеж дека патувањата и побарувачката за гориво нема да се намалат и покрај брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот. ОПЕК плус, која се состои од 23 земји, најави дека од февруари ќе го зголеми производството на …

Членките и сојузниците на ОПЕК ќе го зголемат производството на нафта од февруари Read More »

За еден месец дури 4,5 милиони вработени дале отказ во САД


Рекордни 4,5 милиони Американци дадоа отказ на работните места во ноември, со што стапката на откази се зголеми на 3 отсто, пренесува Си-Ен-Ен. Вработените ги напуштат работните места во угостителската индустрија, како и во здравството. Зголемен е бројот на откази и во транспортниот сектор, магацините и комуналните дејности. Ако на оваа бројка се додаде и …

За еден месец дури 4,5 милиони вработени дале отказ во САД Read More »

Ковачевски: Растот на економијата годинава ќе биде над 4 отсто


Имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година, напиша на Фејсбук претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски. -Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата оваа година ќе биде над 4 отсто, што …

Ковачевски: Растот на економијата годинава ќе биде над 4 отсто Read More »