Ова се десетте земји чии економии беа најиновативни во 2021 година


Светската организација за интелектуална сопственост (World Intellectual Property Organization) објави листа на 10 земји чии економии беа најиновативни во светот минатата година.

Поредокот изгледа вака:

·         Швајцарија

·         Шведска

·         Соединетите Американски Држави

·         Обединето Кралство

·         Јужна Кореа

·         Холандија

·         Финска

·         Сингапур

·         Данска

·         Германија

Швајцарската економија е најиновативната во светот веќе 11 години. Зошто е така?
Според Организацијата за економска соработка и развој, оваа земја инвестира три отсто од БДП во истражување и развој.

Нејзините универзитети се меѓу најдобро рангираните во светот и привлекуваат талентирани луѓе од други земји.

Покрај тоа, има високо обучена работна сила која е способна да прави сериски производи од патенти.