Џејмс Рубин по Подгорица доаѓа во Скопје на разговори за справување со руските дезинформации


Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, по посетата на Подгорица, се очекува да дојде во Скопје на разговори со македонските власти за борбата против дезинформациите.   Рубин вчера по средбите што ги имаше во Подгорица, изјави дека е убеден оти Црна Гора повеќе нема да се …

Џејмс Рубин по Подгорица доаѓа во Скопје на разговори за справување со руските дезинформации Read More »

Девизните резерви на крајот на март 4,16 милијарди евра


 Девизните резерви на крајот на март годинава изнесувале 4.159,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 258,7 милиони евра, соопшти Народна банка.  Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,4%), по што следуваат валутите и депозитите (26,9%) и монетарното злато (9,7%).

Државата ќе му плаќа пенали на „Бехтел“ ако не се продолжи работното време, вели Николоски


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во Тема на денот на ТВ Сител изјави дека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали кон конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој треба да ги гради коридорите 8 и 10д. Според Николовски, …

Државата ќе му плаќа пенали на „Бехтел“ ако не се продолжи работното време, вели Николоски Read More »

Нетанјаху потврди дека Галант останува министер за одбрана


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва потврди дека Јоав Галант ќе остане министер за одбрана и истакна дека израелските безбедносни сили ќе се спротивстават на тероризмот на „сите фронтови“. „Во изминатите денови, ние (Нетанјаху и Галант) работевме на сите фронтови соочени со повеќе предизвици. Има сериозни разлики меѓу нас, но решив да ги оставам зад нас. …

Нетанјаху потврди дека Галант останува министер за одбрана Read More »

Тридневна жалост во Македонска Каменица поради трагичната смрт на двајца млади каменичани


Советот на општина Македонска Каменица вечерва прогласи тридневна жалост, поради трагичниот настан кој вчера се случи во областа Пиемонт, Италија, каде во сообраќајна несреќа животот го загубија двајца жители од Македонска Каменица. Одлуката за прогласување на тридневна жалост во Општина Македонска Каменица  беше донесена едногласно на вечерашната итна Седница на Советот на Општина Македонска Каменица. …

Тридневна жалост во Македонска Каменица поради трагичната смрт на двајца млади каменичани Read More »

Дончиќ: Навивачите да не се грижат, среќен сум во Далас


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ демантираше денеска дека на крајот на оваа сезона во НБА лигата ќе ги напушти редовите на Далас, пренесуваат американските медиуми. Дел од медиумите претходно објавија дека Дончиќ е незадоволен од клупската политика и се заканил дека ќе замине ако Далас не ангажира засилувања до почетокот на новата сезона. Далас сезонава остана без пласман …

Дончиќ: Навивачите да не се грижат, среќен сум во Далас Read More »

РК Еурофарм Пелистер обезбеди пласман во полуфиналето на СЕХА


Ракометарите на Еурофарм Пелистер неочекувано лесно и убедливо го совладаа Татран Прешов со 36:26 и обезбедија пласман во полуфиналните натпревари од ракометната СЕХА лига. Битолчани првиот натпревар го завршија со 8 голови предност (37:29), а попладнево во Прешов, домашниот тим го совладаа со 10 голови предност, односно 36:26. Пред реванш средбата тренерот Александар Јовиќ најави …

РК Еурофарм Пелистер обезбеди пласман во полуфиналето на СЕХА Read More »

Шестмина загинати во престрелка во Луисвил


Шест лица загинаа денеска меѓу кои и еден полицаец, во вооружен инцидент во центарот на американскиот град Луисвил, во сојузната држава Кентаки, јави Си-ен-ен. Во престрелката помеѓу напаѓачот и полицијата повредени се шест луѓе. Според медиумите, пукањето се случило во банка. На местото на пукањето пристигна градоначалникот на Луисвил, Крег Гринберг. Тој го нарече инцидентот „трагичен“. Полицијата …

Шестмина загинати во престрелка во Луисвил Read More »

Битиќи: Финансискиот криминал не застарува, ќе се гонат сите кои биле соучесници во затајување данок


Финансискиот криминал не застарува и ќе се гонат сите оние кои биле соучесници при неговото извршување, порача денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. – Оваа Влада е неприкосновена во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Од 2020 година имавме вицепремиер со надлежност за сузбивање на корупцијата и …

Битиќи: Финансискиот криминал не застарува, ќе се гонат сите кои биле соучесници во затајување данок Read More »

Ковачевски вели нема конфликт на интереси при купувањето државно земјиште од компанијата во која удел има и неговата сопруга


  Премиерот Димитар Ковачевски смета дека нема конфликт на интереси со владината одлука компанијата, каде што има удел неговата сопруга, да дооформи градежна парцела во Радовиш на државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен, истакнувајќи дека е изземен од одлучување и присуство на седница доколку се дискутира за правни субјекти наведени во …

Ковачевски вели нема конфликт на интереси при купувањето државно земјиште од компанијата во која удел има и неговата сопруга Read More »

(Видео) Живко Мукаетов: Инвестициите во „Алкалоид“ остануваат наша трајна определба


Проследете ја видео изјавата на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на церемонијата организирана деновиве од Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, на која што „Алкалоид“ АД Скопје беше прогласена за водечки инвеститор во регионот.   Деновиве, по повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован од …

(Видео) Живко Мукаетов: Инвестициите во „Алкалоид“ остануваат наша трајна определба Read More »

Ковачевски: За една година и три месеци инсталирани над 190 мегавати од обновливи извори на енергија


Акумулираното знаење од времето кога бев во приватниот сектор направи кога дојдов за премиер да имаме комплетно променета регулатива во делот на инвестиции во обновливи извори на енергија (ОИЕ) и затоа од моето назначување на функцијата до сега, за период од една година и три месеци, во државата се изградени, инсталирани и веќе пуштени во …

Ковачевски: За една година и три месеци инсталирани над 190 мегавати од обновливи извори на енергија Read More »

Бесими и Ангеловска-Бежоска во САД на Пролетните средби на Светската банка и ММФ


Министерот за финансии Фатмир Бесими од денеска до сабота ќе престојува во работна посета на САД, каде ќе оствари средби со високи претставници во седиштето на ОН, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Од Министерството за финансии информираат дека тој ќе оствари средби со заменик-генералниот секретар на ОН Амина Мохамед и регионалниот директор за Европа …

Бесими и Ангеловска-Бежоска во САД на Пролетните средби на Светската банка и ММФ Read More »

Инфлацијата во Грција во март намалена на 4,6 отсто


Инфлацијата во Грција во месец март дополнително се намалила и изнесува 4,6 отсто, намалување што се должи на падот на цените на електричната енергија, бидејќи инфлацијата на храната и прехранбените производи бележи зголемување за 14,3 отсто, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјалните податоците од Службата за статистика, инфлацијата во земјата минатиот месец е пониска …

Инфлацијата во Грција во март намалена на 4,6 отсто Read More »

Како компаниите и инвеститорите ќе го користат дигиталниот асистент АДА


  Првиот чекор во користењето на новиот дигатален асистент АДА, е интернете страницата ada.gov.mk  и скенирање на кјуар кодот. Една од најзначајните можности што ги овозможува АДА, базиран на вештачка интелигенција е директната комуникација со потенцијалните инвеститори кои добиваат целосен извештај. „Во моментот кога инвеститорот ги има сите информации добива службена белешка за целиот процес, …

Како компаниите и инвеститорите ќе го користат дигиталниот асистент АДА Read More »

Вештачката интелигенција во функција на инвеститорите – промовиран дигиталниот асистент АДА


  Со дигиталниот асистент АДА, што денеска беше промовирана во Фондот за технолошки развој, заинтересираните инвеститори ќе можат да се информираат за условите за инвестирање и за државната помош во текот на целиот ден, односно 24 часа дневно. Со овој асистент, базиран на вештачката интелигенција, ќе може да се опслужуваат неограничен број заинтересирани и за …

Вештачката интелигенција во функција на инвеститорите – промовиран дигиталниот асистент АДА Read More »

Измамите со заеми за Ковид може да достигнат 307 милиони швајцарски франци


Од 17 милијарди франци одобрени од швајцарската влада за заеми за ковид со цел да се спасат бизнисите од банкрот, се сомнева дека 307 милиони франци биле злоупотребени од фирми кои доставиле лажни податоци. Досега во Швајцарија се поднесени 2.767 кривични пријави поради можна или реална злоупотреба на заеми за Ковид-19. Вкупниот износ на измами …

Измамите со заеми за Ковид може да достигнат 307 милиони швајцарски франци Read More »

(Во живо) Промоција на АДА, првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор


Проследете ја промоцијата на АДА, првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор. Настанот почнува во 11 часот и се одржува во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој, а на него ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

„Тесла“ отвора мегафабрика во Кина


Американскиот автомобилски бренд „Тесла“ отвора мегафабрика во Шангај, соопшти на Твитер производителот на електрични автомобили. Фабриката ќе може да произведува 10.000 мегабатерии годишно, многу големи батерии што  се користат за складирање на електричната енергија доволна за широка потрошувачка. Компанијата ја најави новата фабрика со фотографија од потпишувањето на договорот во Кина. „Тесла отвора фабрика за Мегапак …

„Тесла“ отвора мегафабрика во Кина Read More »

Кугларите на „Макпетрол“ со рекордна 22-ра титула во шампионатот и победа на националниот куп


Екипен македонски шампион во куглање за сезоната 2022/23 е „Макпетрол“. Членовите на скопскиот клуб до рекордната 22-ра титула дојдоа со убедливи 16 победи од исто толку натпревари. Тие освоија 32 бода, односно 114 поединечни поени, а загубија само 14 индивидуални бодови. Исто така, „Макпетрол“ е освојувач на купот во куглање на Македонија што викендов се …

Кугларите на „Макпетрол“ со рекордна 22-ра титула во шампионатот и победа на националниот куп Read More »