Измамите со заеми за Ковид може да достигнат 307 милиони швајцарски франци


Од 17 милијарди франци одобрени од швајцарската влада за заеми за ковид со цел да се спасат бизнисите од банкрот, се сомнева дека 307 милиони франци биле злоупотребени од фирми кои доставиле лажни податоци.

Досега во Швајцарија се поднесени 2.767 кривични пријави поради можна или реална злоупотреба на заеми за Ковид-19. Вкупниот износ на измами може да достигне околу 307 милиони франци, потврди швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO).

Од 2.767 постапки, 708 беа затворени, додека 2.059 пријави за злоупотреба сè уште се истражуваат. Износот на измами во постапките што се завршени е 59,3 милиони, а во оние што се уште се отворени е 247,5 милиони франци.

 

Ковид кредити земале 138.000 компании

 

За време на пандемијата на корона вирусот, швајцарската влада – со цел да го намали ризикот од неуспех на бизнисот – издвои околу 17 милијарди франци за заеми за Ковид во периодот од 26 март до 31 јули 2020 година.

Конфедерацијата ги пропиша условите што треба да ги исполнуваат компаниите за да аплицираат за Ковид кредити, како и максималниот износ на заемот. Во програмата за доделување на овие кредити учествуваа 125 банки, кои одобрија кредити за 138.000 компании.

 

Банките одобрија кредити на фирми во ликвидација

 

Во случаите кога е докажана измама, најголем број фирми доставиле лажни податоци за прометот, а дел од нив веќе биле во стечај или ликвидација кога го поднеле барањето за кредит. На пример, сопственичката на фризерски салон изјавила дека има промет од 4,7 милиони франци, што е сто пати повеќе од реалниот промет на нејзиниот салон.

Пред неколку дена, на аеродромот во Цирих беше уапсен претприемач кој се обиде да побегне од земјата, бидејќи беше обвинет за злоупотреба на заем од КОВИД во износ од речиси 300.000 франци. (БиФ)