Државата ќе му плаќа пенали на „Бехтел“ ако не се продолжи работното време, вели Николоски


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во Тема на денот на ТВ Сител изјави дека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали кон конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој треба да ги гради коридорите 8 и 10д. Според Николовски, пеналиоте се еднократно воизнос од 53 милиони евра, а секој месец 1,26 милиони евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра секој месец.

„Доколку во рок од 45 дена по потпишување на договорот не се зголеми работната недела, владата во име на собранието презела обврска, иако во уставниот поредок е обратно, Собранието ја бира Владата, во тој случај ќе се плаќаат пенали од три вида“, изјави Николоски.

Николовски додаде дека Владата се обврзала дека на секоја делница ќе дава дополнителни по 6 месеци рок на изведба, укажувајќи дека доколку има 5 делници ќе бидат потребни 7 и пол години.

Во врска со формирањето на работни групи за уставни промени Николовски рече дека станува збор за целосно кршење на Уставот и правото.

 „Уставот е јасен, прво треба да имате одлука на Собранието со две третини за промена на Уставот, па се формира уставна комисија во рамки на Собранието, а не работна група, која подготвува нацрт промени кои поминуваат со 61 пратеник и тој текст потоа оди на јавна дебата и на крај поминува со две третини. Од власта не сакаат да ја почитуваат процедурата и се тераат наопаку и во такви измислени работни групи ние нема да учествуваме ни од правни ни од политички причини“, рече Николоски.