(Видео) Живко Мукаетов: Инвестициите во „Алкалоид“ остануваат наша трајна определба


Проследете ја видео изјавата на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на церемонијата организирана деновиве од Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, на која што „Алкалоид“ АД Скопје беше прогласена за водечки инвеститор во регионот.

 

Деновиве, по повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован од Европската Унија, на Алкалоид му беше доделена првата награда во категоријата „Водечки инвеститор (шампион) во земјите од Западен Балкан“.

По тој повод Мукаетов рече дека имајќи го предвид значењето на континуираното инвестирање и унапредување во сите сегменти од работењето, високо позиционирано како една од клучните стратешки определби во деловната политика на „Алкалоид“, оваа награда претставува уште една значајна потврда за достигнувањата на компанијата.

„Во својата долга историја, ‘Алкалоид’ минал низ бројни предизвици, но една фактичка константа во текот на деветдеценискиот развој биле инвестициите, кои во изминативе три децении се насочени кон градење и проширување на производствените капацитети, капацитетите за истражување и развој, инсталирање на модерна опрема, лаборатории, технологии, модерен софтвер и добро обучен кадар. Само во изминативе 5 години, инвестиравме 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги нашите операции за целите на подобро водење на дејноста од нашата база во Македонија. На овој курс сме решени да останеме и во иднина, работејќи на глобализација на брендот ‘Алкалоид’, достоинствено и посветено, со практикување на високи етички стандарди, кредибилитет и професионален пристап во севкупните операции“ – изјави Генералниот директор/ Претседател на УО на компанијата, Живко Мукаетов.