Шестмина загинати во престрелка во Луисвил


Шест лица загинаа денеска меѓу кои и еден полицаец, во вооружен инцидент во центарот на американскиот град Луисвил, во сојузната држава Кентаки, јави Си-ен-ен.

Во престрелката помеѓу напаѓачот и полицијата повредени се шест луѓе.

Според медиумите, пукањето се случило во банка.

На местото на пукањето пристигна градоначалникот на Луисвил, Крег Гринберг. Тој го нарече инцидентот „трагичен“. Полицијата потврди дека пукањето се случило во Старата национална банка во најголемиот град во Кентаки.

Според Си-ен-ен, напаѓачот е убиен. Полицијата упати предупредување до жителите да не се приближуваат до тој дел од градот. 

Полицијата смета дека напаѓачот бил поврзан со банката, соопштија на прес-конференцијата. Изгледа, како што велат, бил поранешен вработен.

„Полицијата реагираше во рок од три минути по повикот утринава и наиде на осомничениот речиси веднаш“, рече заменик-началникот на полицијата во Луисвил, Пол Хемфри на брифинг со новинарите. Осомничениот продолжил да пука, рече началникот. Полицијата разменила оган со напаѓачот, кој починал на местото на настанот, додаде тој.

Полицијата се обидува да утврди дали напаѓачот починал од огнено оружје или од самонанесена рана.