Продолжува судењето за „Титаник“


Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува денеска во Основниот кривичен суд Скопје. Ова е трето рочиштте за „Титаник“ неделава по едномесечната судска ферија. Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени […]

Модни додатоци: Плетените материјали се во тренд летово


Модните додатоци од природни материјали оваа сезона се во фокусот на вниманието. Од слама и бамбус се направени и шапки и чанти, сандали и накит. Во своите колекции плетените материјали ги вклучија и луксузните брендови и брендовите на улична мода.

Tрамп заинтересиран да го купи Гренланд од Данска


САД – Претседателот на САД Доналд Трамп неколкупати пројавувал интерес да се купи Гренланд од Данска „со различен степен на сериозност“, објави Волстрит џурнал. Весникот се повикува на неименувани извори и поранешни лица од Белата куќа. Имено, претседателот на САД барал од своите советници „да разгледаат идеја“ за купување на најголемиот остров на Земјата. Трамп пројавил […]

Обдукцијата покажа дека Џефри Епстајн имал скршени вратни коски


САД- Обдукцијата направена на телото на Џефри Епстајн покажала дека претрпел неколку искршени вратни коски, наведе „Вашингтон пост“ во извештај што беше објавен вчера. Лицата запознати со извештајот од обдукцијата рекле дека меѓу вратните коски кои се скршени е и подјазична коска, која се наоѓа во близина на јаболчниците. Ваков вид на кршење коски може […]

Хакиран сајтот на Европска централна банка


Германија– Европската централна банка (ЕЦБ) затвори денеска една од своите веб страници откако беше хакирана и заразена со вирус. ЕЦБ соопшти дека доверливите податоци не се загрозени, но можеби се украдени електронски пошти и имиња на претплатниците на билтенот на Банката „Интегриран речник за известување на банките“ (БИРД). БИРД е еден од сајтовите кои ги […]

Харвард и натаму водечки на Шангајската листа, УКИМ пак го нема


Англија – Харвард и годинава ја предводи листата на најдобри универзитети во светот, позната како Шангајска листа. По него следуваат Стенфорд, Кембриџ, МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калифорнискиот институт за технологија и Универзитетот во Чикаго, кој е на десетата позиција. Првите десет позиции се речиси непроменети во однос на претходните години. Што се однесува на регионот, годинава […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Конечно може да се каже дека денес ќе здивнете и ќе успеете да ја избалансирате својата енергија: прекрасен ден кога станува збор за работите на срцето. Луѓето ви се восхитуваат и знаете како да им помогнете на пријателите: нешто ќе остане тајна, бидејќи имате право на тоа. Зрачите со необичен шарм и интелигенција. БИК: […]

Марго Роби е заштитно лице на новиот парфем на Шанел- Gabrielle Chanel Essence


Франција– Шанел ја најави актерката од Австралија Марго Роби за заштитно лице на новиот парфем Gabrielle Chanel Essence. Актерката, актуелна со улогата на Шерон Тејт во „Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино, од лани е и моден амбасадор на францускиот луксузен бренд. Роби се приклучува и кон претходните заштитни лица на брендот како Лили Роуз […]

Концерт на пијанистот Александар Гаџиев на „Охридско лето“


Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на пијанистот Александар Гаџиев. Александар Гаџиев потекнува од семејство на музичари, неговите родители се професори по пијано. Роден е во Гориција во Италија, природен крстопат на бројни култури и јазици и уште од детството е задоен со квалитетите на централно-европската култура и поднебје. Пијано започнува […]

Ники Хилтон со розов роденден за ќерка си: Лили Грејс прослави 3 години


САД- Ники Хилтон- Ротшилд  (35) помладата сестра на Парис Хилтон, наследничките на ланецот хотели „Хилтон“ организираше гламурозен роденден за ќерка си Лили Грејс која наполни три години. Роденденот, организиран во луксузниот дом на Бел Ер од 10 милиони долари беше во розова боја од тортата, до украсите и облеката. Парис Хилтон, како и сопругот на […]

Во јуни намален бројот на дозволи за градба и на вредноста на објектите


Во јуни годинава се издадени 202 одобренија за градење, што е за 1,5  проценти помалку во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 2.269.468.000 денари, за 23 проценти помалку споредено со јуни минатата година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 128 (63,4  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 26 (12,9 […]

Босанката Сенида ќе ја претставува Словенија на Евросонг 2020


Словенија- На Изборот за “Песна на Евровизија“ во Холандија, Словенија ќе ја претставува атрактивната Босанка Сенида Хајдарпашиќ, која има уметничко име Сенидах.Сенида на музичката сцена се појави во 2010 година со песната „Пустиња“. Досега Словенија немаше забележителен успех на Евросонг. Евросонг ќе се одржи во мај во 2020 година. Неколку холандски градови веќе се вклучија […]

Ана Винтур назначена за глобален советник за содржина во „Конде Наст“


САД- Се зголемуваат задолженијата на Ана Винтур (69) , најмоќната жена во модата. Покрај функциите креативен директор во издавачката компанија и главна уредничка на „Вог“ сега Винтур е назначена за глобален советник за содржина во компанијата, што значи и во интернационалните изаданија на „Вог“. Таа и понатаму ќе ја организира гала-вечерта на Институтот за костимографија […]

Вселенски диџеј ја забавуваше Ибица


Шпанија- Астронаутот, инженер и сега диџеј Лука Пармитано за првпат во историјата пушташе музика од вселената. Астронаутот на Европската вселенска агенција (ЕСА) ја постави својата миксета во Меѓународната вселенска станица (ИСС), каде престојува од 21 јули. Овој необичен потег го направи Пармитано прв вселенски диџеј, објави „Јуроњуз“. Програмата на Лука траеше дваесетина минути и беше […]

Бред Пит и Дикаприо во Скопје: Премиера на „Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино


Најочекуваниот филм на годината „Беше еднаш во Холивуд“(Once Upon a Time in Hollywood)  на режисерот Квентин Тарантино вечерва има премиера во Скопје од 20 часот, а од утре ќе биде на редовниот репортоар на Синеплекс . Филмот кој имаше светска премиера во Кан, во мај, веќе е на репертоарот на кината во САД и во […]

Османи во посета на Финска, актуелниот претседавач со ЕУ


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, од денеска е во работна посета на Финска, актуелниот претседавач со ЕУ. Османи ќе има средби со финската министерката за европски работи Тути Тупураинен и со министерот за надворешни работи Пека Хависто. На средбите, како што соопшти СЕП, ќе се разговара за очекувањата и перспективите […]

Трамп: За време на мандатот загубив помеѓу 3 и 5 милијарди долари


САД– Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека неговата  функција го чини цело богатство, јави Ен-Би-Си. Според него, откако е претседател загубил меѓу три и пет милијарди долари. – Тоа што сум претседател на САД веројатно ме чини меѓу три и пет милијарди долари, рече Трамп. Тој потенцира дека  дел од таа сума се трошела на […]

Заев: Се кочи разрешувањето на Јово Вангеловски


По обвинувањата на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, дека премиерот Зоран Заев барал од него да се смени претседател на суд, Заев во изјава за медиумите открива дека некој во Судскиот совет, алудирајќи на членовите избрани по предлог на ДУИ, го кочат, односно одолговлекуваат носењето на одлука за разрешување на претседателот на Врховен суд, Јово […]

Политичките случувања влијаат негативно на економијата


Актуелната политичка клима влијае негативно на плаќањето даноци и на целокупната економска состојба, оцени даночниот експерт Павле Гацов, порачувајќи дека е потребно смирување на политичката клима и враќање на економијата. Ако има општа лоша состојба, посочува, тоа се одразува врз бизнисот односно поттикнува идеи на некои луѓе дека сепак може да се заобиколуваат законските обврски. […]

Букурешт ќе забрани влез во центарот на возила произведени пред 2000 година


Романија– Од идната година сопствениците на автомобили што најмногу загадуваат нема да може да возат во центарот на Букурешт, а посетители со автомобили од провинција ќе мора да плаќаат дневен билет за да возат низ градот. Тие две радикални мерки ги објави градоначалникот Габриела Фирја и по 45 денови јавни дискусии ќе бидат на гласање […]