Кражбите преку криптовалути уриваат рекорди – четири милијарди долари за шест месеци


САД – Онлајн кражбите и измами со криптовалути ги уриваат сите претходни рекорди.Во првите шест месеци од оваа година украдени се 4,26 милијарди американски долари преку криптовалути, објави CipherTrace во редовниот извештај цитиран од „Форбс“. За споредба, вкупните кибер-кражби во 2018 година изнесуваа 1,2 милијарди американски долари. Огромниот раст оваа година се должи на зголемените вештини […]

Американецот Хиндс и Хрватот Морнар се нови кошаркари на МЗТ


Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром дополнително го засили ростерот за новата сезона, откако денеска беа ангажирани  Американецот Џабари Хиндс (27 год, 181 см) и Хрватот Марин Морнар (26 год, 205 см). Хиндс, кој игра на двете бековски позиции, доаѓа со епитетот најдобар стрелец во Полска настапувајќи за екипата на Кросно, во која на 30 […]

Скопје Синема сити: Изложба на концертните плакати од личната колекција на Влатко Стефановски


Во периодот 2 – 7 септември, на локации како Музеј на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се организира 5.-то издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити. Петтото издание на фестивалот ќе се состои од филмови со теми поврзани со гитарата како инструмент. За време на 5 дена, ќе […]

Анализа: Во Германија на третина вработени не им е платена прекувремена работа


Германија – Третина од вработените во Германија работат прекувремено повеќе од една година за време на нивните работни кариери. Денес, во просек, три часа неделно се работи прекувремено во Германија. Вработените работат прекувремено 9,655 часа во текот на работниот век, а за оние на високи позиции – 15.390 часа, според истражување на Партнерот за компензација (Compensation […]

Милано привремено забранува работа на компании за изнајмување електрични тротинети


Италија – Миланo одлучи да ја забрани работата на компаниите за изнајмување електрични тротинети се додека не се утврдат јасни правила за употреба на тоа превозно средство. Одредбата   предвидува дека ел/тротинети можат да се управуваат во Италија само во пешачки зони, на пешачки и велосипедски патеки и во области каде што брзината е ограничена на 30 […]

Холивуд со потпис на Диор: Високата мода на Оливија де Хевиленд на аукција


САД- Колекција на висока мода, со потписот на Диор што ја носела и ја поседувала легендарната британско-американска актерка Оливија де Хевиленд, ќе биде изложена на аукција на 17 септември, во рамките на аукцијата на висока мода на Хиндман. Последната глумица од златното време на Холивуд, која со Кирк Даглас (исто така роден 1916 година) е […]

Почнува вевчанскиот Фестивал за народна култура „Пображење“


Околу 500 уметници од повеќе држави ќе ја презентираат својата култура на деветтиот Фестивал за народна култура „Пображење“ во Вевчани, кој почнува денеска. Фестивалот е во организација на Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани. Фестивалот почнува вечерва во Домот на културата со презентација на етнолошки документарни филмови. Како учесници оваа година со свои авторски дела ќе […]

Одложено судењето за „Титаник“


Поради отсуство на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев одложено е денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Од Кривичниот суд инфорираа дека Ставрев бил отсутен поради отворено боледување. Во судот денеска дојдоа сите обвинети со исклучок на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство. Новото […]

„Пју“: Во светот расте државниот притисок врз религиите


САД – Во текот на декадата од 2007 до 2017 година, владините ограничувања на религијата – закони, политики и активности на државните службеници кои ги ограничуваат верските верувања и практики – значително се зголемија низ целиот свет. И социјалните непријателства, вклучително и насилство и вознемирување од страна на приватни лица, организации или групи – исто […]

Македонските универзитети и годинава ги нема на Шангајската листа


Универзитетите од Северна Македонија и годинава не се најдоа на Шангајската листа на најдобри 1.000 универзитети во светот. На листата на Академско рангирање на светски универзитети за 2019 година, на прво место 17-та година по ред е Универзитетот Харвард, на второ Стенфорд од САД, а на трето британскиот Универзитет Кембриџ. Во првите десет најдобри универзитети […]

Федерер поразен во Синсинати


САД- Роже Федерер беше шокиран во осминафиналето од Мастерс-турнирот во Синсинати, губејќи од квалификантот Андреј Рубљев со максимални 0-2 во сетови. Ова беше прв дуел на Швајцарецот во кариерата против младиот Русин, а Рубљев го искористи тоа за од самиот почеток да го изненади Федерер, да го диктира темпото на мечот и на крајот заслужено […]

Инстаграм воведува функција за обележување лажни вести


САД– Инстаграм воведува функција за пријавување и обележување лажни вести. За да се пријави одредена содржина, ќе треба да кликнете на трите точки во горниот десен агол и да обележите „несоодветно“ или „лажно“, коешто се однесува на објавата. Содржината може да биде означена како лажна вест, по проверка на тимот на Инстаграм задолжен за тоа. […]

Ѓоковиќ избори четвртфинале во Синсинати


САД – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до четвртфиналето на турнирот во Синсинати, САД. Србинот ноќеска го совлада Шпанецот Пабло Карено Бусто со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4. Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Лук Пуи од Франција. Наградниот фонд на престижниот турнир во Синсинати изнесува шест милиони долари.

На ГП Богородица и на Табановце се чека до 45 минути


Зголемена фреквенција на возила изутринава има на граничните премини Богородица и Табановце каде што за излез од земјава се чека до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна […]

 Драга, не биди педер


ЕРОЛ РИЗАОВ „Ако има шта да се спашава, немој да идеш, не буди шашава, полазиш ка вратима кључ ти је у рукама неодлучан ход, држим ти палчеве и навијам за тебе спушташ торбу на под. О драга, не буди педер“   „Рибља чорба“, 1982   Можев до некни оваа строфа од стара песна на Бора […]

Конгресменката Стивенс стана пријател на Северна Македонија


САД- Конгресменката од редовите на Демократската партија, Хејли Стивенс, се предружи на надпартиската „конгресна група за Македонија и заедницата на македонски Американци“, објави синоќа Обединета Македонска Дијаспора, организација на македонските иселеници во САД. Во македонската конгресна група членуваат 27 членови помеѓу кои се демократот Брендон Бојл од Филаделфија и републиканците Пол Мичел и Стив Стиверс […]

Сонцето од Вергина заминува од јавните места, спомениците добиваат ознаки


Граѓаните ќе можат да го користат симболот со Сонцето од Вергина на своите приватни имоти и приватни ентитети, но државата ги охрабрува и поттикнува доследно да го почитуваат и да го применуваат во пракса Договорот од Преспа што помогна да ја надминеме најголемата пречка што го блокираше нашиот меѓународен развој, потенцираат од Владата на Република […]

Велестово: Поетска  ноќ – восхит на возвишениот дух


Источно од градот Охрид, врз падини на планината Галичица и на над 1.000 метри надморска височина, распослано е селото Велестово. Неговата местоположба измамува величествен поглед кон езерото, градот и западните планини, а бајковитите зајдисонца и вечерното ѕвездено небо, посебно во летните ноќи, разбудуваат лирски трепети и отвораат митски простори на задоволство и наслада. Неговото постоење […]

Почнуваат чествувањата по повод Денот на Армијата


По повод чествувањето на 18-ти август Денот на Армијата, денеска на градските гробишта во Бутел во Скопје, предвидена е церемонија за полагање венци цвеќе со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски. Венци со цвеќе ќе положат делегации […]

Началникот на ГШ на бугарската армија во посета на Скопје


Висока делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев, од денеска е во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија. Генералот Боцев, како што е најавено, денеска во Министерството за одбрана и во Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со […]