Принцезата Беатрис се сврши за мултимилионер, свадбата догодина


Англија– Бакингемската палата соопшти дека принцезата Беатрис (31), постарата ќерка на принцот Ендрју и Сара Фергусон, се свршила со мултимилионерот, Италијанецот Едуардо Мапели Мози  (34) по една година врска. Свадбата се очекува догодина.

Ова ќе биде втор брак за младоженецот кој од претходниот има син. Мози ја запросил Беатрис месецов на одморот во Италија.

Лани, се сврши помладата ќерка на војводата и војвотката од Јорк, Евгенија.