Антоние Мариноски во фотелјата на Орце Камчев во Орка Холдинг


По четири години поминати надвор од Македонија и по повеќе од 25 години во банкарскиот сектор, Антоније Мариноски од неодамна седна во фотелјата на Орце Камчев, во Орка Холдинг, најголемата македонска компанија по број на вработени. Времето на случувањата поврзани со политичките процеси во земјата и со самиот Камчев, за Мариноски биле дополнителен предизвик да ја прифати понудата и да седне на раководното столче на овој холдинг. Со мнозинска сопственост во фирми во повеќе сектори, а во време на помала банкарска поддршка, неговата цел сега е сите тие компании да добијат дополнителна вредност. Да се осовремени менаџментот, но Холдингот и да се шири регионално.

Мариноски во ексклузивно интервју за Фактор открива детали од плановите за Орка холдингот – но и во каква кондиција е во моментот. Категоричен е дека политиката ја става на страна додека бизнисот е првенствен. Самиот верува во системот, а Холдингот и покрај сите притисоци нема да се сели, нема да се распродава, туку напротив ќе се консолидира и расте.

Мариноски на позицијата доаѓа од директор на „Сосиете Женерал“ во Албанија.