В сабота традиционален хуманитарен пикник на „Алкалоид“


Од хуманитарниот пикник лани

В сабота, во комплексот „Бест Вестерн – Хотел Белви“, во населбата „Илинден“ во Скопје ќе се одржи  деветтиот по ред хуманитарен пикник организиран под закрила на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и вработените на „Алкалоид“. Почетокот на настанот е во 11 часот, а изјава за медиумите ќе дадат г. Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на УО на „АЛКАЛОИД АД Скопје“ и Ели Пешева, претставничка и една од основачите на граѓанското здружение „О2 Иницијатива“.

Традиционалниот хуманитарен хепенинг на „Алкалоид АД Скопје“ претставува празнување на најдоблесните човечки одлики, хуманоста и човечката солидарност. Хуманата мисија како еден од темелите врз кои „Алкалоид“ расте и се развива полни 8 децении ќе продолжи и во иднина, позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот на приоритетите на „Алкалоид АД“ Скопје.