Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Време е да делувате храбро и рационално: не останувајте дома цел ден, бидејќи постојат прекрасни шанси за убави средби, љубов и насмевки. Превземете го водството и бидете објективни во својата оценка за ситуациите: имате голема интелектуална сила и ментална моќ да расудите што е вистина. Излезете од својата школка и поврзете се со другите.

БИК: Доаѓате до моќна позиција, со која што ќе ги покажете своите квалитети: бидете будни за секоја нова шанса и не калкулирајте однапред. Шансите ќе се појават во свое време и ќе успеете да заработите повеќе во блиската иднина. Средба со помлада личност која што сака да инвестира во вашиот развој, а на која што ќе ѝ помогнете да го победи стравот, срамот и дилемите.

БЛИЗНАЦИ: Време е да се запрашате дали сте водени од некоја болка, омраза или тага: што е она што ве мотивира да се движите напред? Треба да знаете дека единствен начин да пораснете е да го оставите емотивниот багаж зад себе и да ги затворите злобните усти. Престанете да се криете и користете ја својата имагинација: имате помош од блиските пријатели.

РАК: Сега е добро да се повлечете од првите редови и од страна да посматрате како инвестираната енергија и средства ви се враќаат стократно: постигнувате задоволство и среќа, бидејќи се јавуваат и убави шанси да научите нешто ново. Склучувате познанства со кои што ќе дојдете до подобра позиција: ова се мали благослови, кои што го чинат животот побогат!

ЛАВ: Зарем навистина си мислевте дека ќе чекате уште долго за да постигнете успех? Вложениот труд секогаш се исплати и ова е еден таков ден: добрите дела даваат добар плод, а лошите носат поинакви кармички долгови. Ако му дозволите на срцето да ви се радува и да биде отворено пред светот како дете, ќе успеете да да се соочите со чудесни ситуации.

ДЕВИЦА: Испразнете ја главата од наметнатите уверувања и најдете повеќе време за себе: не минувајте толку многу време вклучени на социјалните мрежи и следете ја својата интуиција. На тој начин ќе се грижите подобро за своето здравје, ќе ги намалите главоболките и ќе научите да се храните подобро. Повторувајте си дека сте слободни и дека секогаш постои надеж.

ВАГА: Се јавуваат повеќе шанси со кои што ќе ги проширите своите хоризонти и тоа преку учење, патување и нови бизнис зделки: сето ова ве исполнува со оптимизам и се чувствувате како да сте на врвот на светот. Планините ги бакнуваат облаците, а реките ја милуваат земјата, а така и вие сте во совршена хармонија со самите себе. Ова е ден за љубов.

СКОРПИЈА: Ако некој се обидува да ве клевети, најдобро ќе одговорите со молчење: оваквиот вид на потешкотии се јавуваат со цел да го извадат најдоброто од човека и штом го победите внатрешниот хаос, потоа полесно ќе напредувате. Имајте жед за животот и волја да се менувате: ако сакате да им се приближите на другите, ќе треба да имате поквалитетен однос со нив.

СТРЕЛЕЦ: Можеби се чувствувате далеку од саканите или ве мачи некоја неразрешена ситуација, но добро е да знаете дека треба да направите свесен напор и да ги надминете разликите: повторно ќе се сакате како и во првите денови и ќе откриете дека имате долга и трајна врска, која што е базирана врз здрави духовни основи. Комуницирајте директно и искрено.

ЈАРЕЦ: Иако се соочувате со блокади и застои, сепак најдете сила да се насмеете: плановите се стопирани и нема никаква активност, но не очајувајте. Ако сте повредени, простете, а ако сте изморени, најдете време и одморете се, вкусувајќи добра храна и чаеви. Вечерта минете ја во прослава, дружење и елеганција, заборавајќи за миг на должностите.

ВОДОЛИЈА: Потребна ви е помош или духовна поддршка, со која што ќе допловите до помирни води: она што е изречено во минатото ќе има консеквенци и во сегашноста, но земете го со себе само највредното и ќе успеете да постигнете правда. Работете вредно и трпеливо и борете се со сите свои сили: не постои човек кој што не би сакал да почне одново.

РИБИ: Размислувате како најдобро да се претставите во ново светло и да ги покажете своите дарби и умешност: размислувате за нова кариера која што ќе ја зголеми вашата самодоверба, но ќе го продлабочи и џебот. Поддршка од пријателска личност, која што сака да флертува и има широк круг на пријатели: политичари, уметници и богати инвеститори. Хм, каква среќа!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com