Операта Метрополитен му откажа соработка на Пласидо Доминго


САД- И славната опера „Метрополитен“ во Њујорк му откажа соработка на славниот тенор Пласидо Доминго (78) откако над 20 жени го обвинија за сексуално вознемирување пред три децении. Денеска Доминго требаше да ја отвори сезоната со настапот во „Магбет“ на Верди.

Наводите дека Доминго вознемирувал повеќе жени вклучуваат непосакувано допирање, упорно барање на приватни средби, телефонски повици доцна во ноќта и ненадејни обиди да ги бакне во уста.

Претходно две оперски куќи, во Филаделфија и Сан Франциско, по обвинувањата ги откажаа настапите на Доминго. Неговата матична куќа, операта во Лос Анџелес каде од 2003 година е генерален директор води сопствена истрага за наводите.

Операта Далас објави дека го откажува Гала настанот во март 2020, во чии рамки требаше да настапува и Доминго. Националната опера во Вашингтон издаде соопштение во кое се изразува „вознемиреност и обесхрабреност“ од новите обвинувања.