„Златен глобус 2020“: Наградата „Сесил Б. Демил“ за Том Хенкс


САД-Здружението на странски новинари акредитирани во Холивуд одлучија наградата „Сесил Б. Демил“ за 2020 година, да ја добие актерот Том Хенкс, 15 пати номиниран за за „Златен глобус“, и добитник на два оскари, во 1994 за „Филаделфија“ и во 1995 година за „Форест Гамп“.

Наградата се врачува за особен придонес во филмот и филантропијата и ќе му биде врачена на Хенкс на 5 јануари, во Беверли Хилтон. Досегашни добитници на наградата се Џорџ Клуни, Роберт де Ниро, Одри Хепберн, Харисон Форд, Џоди Фостер, Софија Лорен, Мартин Скорцезе, Стивен Спилберг, Мерил Стрип, Барбра Стрејсенд, Дензел Вашингтон, Опра Винфри…

Хенк е актуелен со филмот „Убав ден во соседството“ (A Beautiful Day in the Neighborhood).