Ѕвезден погреб во Париз: Модниот свет се прости од Питер Линдберг


Франција– Од Ана Винтур до Кејт Мос. Најславните фаци од модниот и актерскиот свет во Париз се простија од славниот германски фотограф Питер Линдберг кој почина на 75 години. Тој ги следеше кариерите на топ-моделите Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон, на Татјана Патиц и на многу други. Линдберг ги снимаше првите кампањи […]

УЕФА ќе формира агенција против местење натпревари


Франција– Извршниот комитет на УЕФА на денешниот состанок ја објави намерата на организацијата да создаде европска агенција против договорени натпревари. Пред неговото создавање, ќе се изврши економска проценка на изводливоста. Покрај тоа, на членовите на извршниот комитет им беше претставен стратешки план за борба против пиратството, кој има за цел да ги заштити правата на радиодифузерите. […]

Плочата е повторно во мода: Сите в сабота во МКЦ


Ако имате грамофон во подрум, може да го подготвите за музика зашто плочите се враќаат на голема врата. Тоа не го кажуваат само пасионираните приврзаници на винилот и колекционерите, за кои тие никогаш не ни излегле од мода, туку го потврдува и статистиката. Продажбата расте во последните пет-шест години во светот и годинава првпат од […]

Запленети 5,5 тони кокаин на подморница во САД


САД– Американската крајбрежна стража пресретна подморница во која пронајде и заплени речиси 5,5 тони кокаин, вреден 165 милиони американски долари, соопштија властите. Операцијата беше организирана на 5 септември, а крајбрежната стража уапси четворица осомничени шверцери со дрога на подморница што пловеше низ источниот Пацифик на пат кон САД, јави Ен-Би-Си Њуз. Крајбрежната стража не соопшти […]

Полицијата во Мадрид почнува да користи пиштоли електрошокери


Шпанија– Мадридската полиција наскоро ќе започне со употреба на електрични пиштоли наместо оние со вистински куршуми бидејќи ги препорачуваат од меѓународни организации за човекови права, објави  новиот градоначалник на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида. Градската полиција се очекува да добие 200 црно-жолти пиштоли „Тасер“ во наредните недели, оружје што произведува електро-шокови. Тоа влијае на нервниот систем […]

Како до убава коса: Македонските трендсетерки ја дознаа тајната


Како да го обновите растот на косата, да го намалите губењето и да ја зголемите густината на косата за 8%, што одговара на 28.000 нови влакна по 3 месечна редовна употреба ? Македонските трендсетерки, водителки, мејк-ап стилистки, новинарки и претставници од докторската фела дознаа на промоцијата на новата револуционерна линија на производи за коса на […]

Министерот за дијаспора Адеми во посета на Швајцарија


Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми од денеска до петок ќе престојува во работна посета на Швајцарија, каде што во градовите Лозана, Берн и Женева ќе има состаноци со иселенички организации и интелектуалци од нашата дијаспора, како и со локалните власти. Како што соопштија од неговиот кабинет, предвидени се средби и со претставници на швајцарската […]

Над 100 домашни и странски компании на „Macedonia Manufacturing Expo 2019“


Во организација на Асоцијацијата на метална и електроиндустрија МАМЕИ и делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, денеска и утре ќе се одржи третиот Саем за лесна индустрија – „Macedonia Manufacturing Expo 2019“.  На настанот ќе учествуваат 100 компании производители, 33 компании купувачи и 15 директни странски инвестиции. Покрај домашните компании, ќе учествуваат и претставници на […]

Катастарот ќе промовира проект „Соработка за дигитална демократија“


Воспоставување единствен, точен и одржлив систем на адресен регистар, како и развој и одржување модерна геодетска инфраструктура, се дел од бенефициите од проектот „Соработка за дигитална демократија“, што ќе го презентира денеска Агенцијата за катастар на недвижности. Проектот е финансиран од Владата на Кралството Шведска, а донацијата изнесува 23.710.406 шведски круни. На промоцијата ќе биде […]

Трамп за истрагата и импичментот: Тоа е лов на вештерки


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на демократите во Претставничкиот дом да покренат формална истрага за него, што може да доведе до негово отповикување, нагласувајќи дека станува збор за „лов на вештерки“. „Таков важен ден во Обединетите нации, толку многу работа и толку многу успех, а демократите намерно мораа да ги уништат и […]

Каде ќе се играат финалињата на ЛШ во 2021, 2022 и 2023 ?


Словенија – УЕФА официјално ги објави градовите домаќини на финалните изданија од Лигата за шампионите од 2021 до 2023 година. Во 2020, град домаќин на финалето е Истанбул, на стадионот „Ататурк“. На состанокот во Љубљана, решено е финалниот меч во 2021 годинја да биде Санкт Петербург, на стадионот на Зенит. Русија вторпат ќе биде домаќин […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Одличен ден за забава, дружење и љубов: најверојатно ќе бидете повикани на некаков вид на прослава и тоа сосема неочекувано, а сѐ што се бара од вас е да ја донесете својата широка насмевка. Друштвениот живот е возбудлив и се јавуваат прекрасни шанси да научите нешто ново, да ги споделите своите идеи и мислења. […]

Германски суд пресуди дека мамурлакот е болест


Германија– Германски суд пресуди дека мамурлакот е болест, во судски процес за додаток во прехрана кој се рекламира како „пијалак против мамурлак“. Државниот суд во Франкфурт пресуди дека рекламирањето на обвинетата фирма, која не е именувана, ја крши забраната за припишување способности на прехранбените производи да спречат, третираат, или лекуваат болест. Исто така ја отфрли […]

Музика и македонско вино на фестивалот „Skopje Wine Expo“


Од четврток до сабота, традиционално ќе биде одржан македонскиот вински фестивал „Skopje Wine Expo“. Фестивалот се одржува под покровителство на Град Скопје, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во македонските вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови. Посетителите ќе ги забавуваат доајените на македонската музичка сцена Ефто Пупиноски и Блага Петреска, дувачката сензација […]

„Медена земја“ од петок во кината низ Македонија


Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) од петок почнува со кинодистрибуција во повеќе градови низ Македонија. Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, освен во Скопје, ќе се прикажува и во Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и Охрид. В петок во […]

Почина Барон Хилтон, сопственикот на хотелите „Хилтон“


САД-Познатиот хотелиер и филантроп Барон Хилтон почина во својот дом во Лос Анџелес, на 91-годишна возраст. Неговата внука, трендсетерката Парис Хилтон истакна дека на него гледала како пример. -Многу сум погодена од смртта на мојот дедо Барон Хилтон, напиша таа на Твитер. Тој беше легенда, одличен визионер, живееше живот полн со авантури и достигнувања. Во […]

Судењето за „Маџар телеком” одложено за 30 септември


Случајот против поранешните генерален и финансиски директор на Македонски телеком, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, „Маџар телеком” се одложува за 30 септември поради неприсуство на сведокот Слободан Богоески. За денеска на предлог на одбраната беше […]

Двојката Обама стана фабрика за пари: Документарци, предавања, книги, недвижнини…


САД- Експретседателот на САД Барак Обама (58)  добро ја уновчи политичката кариера: во дел од светот се прикажува документарецот кој го продуцираше со сопругата, заработува милиони од говори, книги , недвижнини… Документарецот “American Factory”, зад кој стои продуцентската куќа Higher Ground кој лани го основаа Барак и Мишел Обама (55) , сега е достапен и […]

ЕУ одобри лекови со канабис за епилепсија


Белгија – Европската унија за првпат дозволи употреба на производи од канабис во медицински цели, но само за пациенти кои страдаат од две ретки форми на детска епилепсија. Тоа е Епидиолекс – лек добиен од канабис што содржи канабидиол, главна состојка во медицинската марихуана. Терапијата е дозволена во два случаи на детска епилепсија – синдром на […]

Луксембург троши најмногу пари за спортски активности на своите граѓани


Белгија – Луксембург е земја-членка на ЕУ што троши најмногу пари за спортска рекреација на своите граѓани по глава на жител, дури 492 евра, додека Хрватска и Бугарија, со 13 и 16 евра по човек, се држави со најмалку издатоци за рекреативни содржини, соопшти Евростат. На почетокот на Европската недела на спорт, Канцеларијата за статистика на […]