Катастарот ќе промовира проект „Соработка за дигитална демократија“

Воспоставување единствен, точен и одржлив систем на адресен регистар, како и развој и одржување модерна геодетска инфраструктура, се дел од бенефициите од проектот „Соработка за дигитална демократија“, што ќе го презентира денеска Агенцијата за катастар на недвижности.

Проектот е финансиран од Владата на Кралството Шведска, а донацијата изнесува 23.710.406 шведски круни.

На промоцијата ќе биде претставена Студија за избор на државната картографска проекција, чиј автор е професор Златко Србиноски.