Музика и македонско вино на фестивалот „Skopje Wine Expo“


Од четврток до сабота, традиционално ќе биде одржан македонскиот вински фестивал Skopje Wine Expo“.

Фестивалот се одржува под покровителство на Град Скопје, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во македонските вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови.

Посетителите ќе ги забавуваат доајените на македонската музичка сцена Ефто Пупиноски и Блага Петреска, дувачката сензација Брас Брадерс, српскиот поп бенд Тропико, Слаткаристика, најпознатиот бугарски продуцент Криско, како и бугарскиот пејач Графа, групата Нокаут, Ареа, Александра Јанева и Марко Логаут со специјалниот проект – Тоше Проески Трибјут, Либеро Бенд и Ксмет Оркестар со after work забави, Амон Мра, Дј Оки Доки, како и најдобриот real tribute на Бијело Дугме.

Програмата започнува секој ден во 18 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред НОБ.