Кој е фраер, а кој коцкар: Џамбазов и Михајловски во новиот домашен филм „Те dua, Жими мене”


 „Те dua, жими мене” е новиот независен македонски филм чие снимање ќе започне на 15 август во Скопје, во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов. Kако директор на фотографија ќе се потпише Александар Карпузовски. Приказната е за квази фраер, коцкар и хармоникаш, кои трудејќи се да ја вратат дома купената жена […]

Објавена третата стрип – книга за Итар Пејо


Македонскиот стрип центар со седиште во Велес ја објави третата книга од стрип серијалот наменет за познатиот народен јунак Итар Пејо. Со издавање на истата завршува материјалот на реномираниот македонски автор Диме Иванов Димано наменет за овој итроманец. Диме Илиев-Димано е знаменит стрип автор, еден од добитниците на Признанието „Љупчо Филипов“, што се доделува на […]

Педесет и осум години од изградбата на Берлинскиот ѕид


Германија – Во Берлин денеска се одбележува 58-годишнината од изградбата на Берлинскиот ѕид, кој во текот на Студената војна го делеше градот на два дела, во поделената комунистичка Источна Германија и Западна Германија. Sидот, долг 160 километри и висок 3,6 метри, станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса. Тој ги разделувал Источна и […]

Тинејџерките ја избраа Тејлор Свифт за икона


САД- Наградите „Избор на тинејџерите “ (Teen Choice Awards) за првпат доделува награда за икона која со своето дело позитивно ги инспирирала тинејџерките низ светот. Таа титула ја доби поп-ѕвездата Тејлор Свифт (29) . Наградата не е изненадување ако се земе предвид дека и самата Свифт почнала да се бави со музика уште на 13-годишна […]

Аланис Морисет по трет пат мајка на 46 години


САД– Пејачката Аланис Морисет (46) по трет пат стана мајка на 46 години. На 8 август таа го роди синот Мерси. „Тој е тука“, напиша таа на социјалните мрежи, покрај црно-белата фотографија од момчето кое спие. На Морисет ова ѝ е трето дете, а го роди во нејзиниот дом. Таа и нејзиниот сопруг се родители […]

„Вечер на Живко Чинго“ во охридско Велгошти


Во охридското село Велгошти вечерва традиционално ќе се одржи културната манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“, како одбележување на годишнината од раѓањето на големиот писател и раскажувач. Чествувањето ќе започне со полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Чинго, по што ќе има обраќање на претставник на Општина Охрид. Беседа за ликот и делото на Живко Чинго ќе […]

Водата во Охридското Езеро надмина 26 Целзиусови степени, горештините ги наполнија плажите


Топлото време со речиси тропски горештини што деновиве ја зафатија земјата, не го поштедија ниту Охрид каде ретко се случува температурата на воздухот да надмине 30 Целзиусови степени под сенка. Големите горештини преку денот особено во периодот од 11 до 17 часот, ги испразнија улиците и ги наполнија плажите на езерото. Низ градот во часовите […]

Славниот тенор Пласидо Доминго обвинет за сексуална злоупотреба


Шпанија– Осум оперски певици и балерина го обвинија славниот тенор Пласидо Доминго (78) за сексуално злоупотребување. Тие тврдат дека во 80-тите години од минатиот век биле уценувани од Доминго да имаат сексуални односи со него во замена за улоги, а кога бил одбиен „тој професионално ги казнувал“. Само оперската певица Патриша Улф јавно истапи, додека […]

Северина за сопругот: Само тој ме гледа така


Регионалната поп-ѕвезда Северина на Инстаграм објави фотографии во бикини, а фановите ги разнежни со романтична порака за сопругот Игор Којиќ, која ја напишала покрај објавата. „Вака само тој умее да ме насмее и да ме фотографира кога не гледам“, напишала и додала тагови. Фотографиите за само половина час заработиле речиси 14.000 илјади лајкови, а фановите […]

Осумнаесет години Охридски рамковен договор


Пред осумнаесет години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде што завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно […]

Пендаровски ја дава Катица, но не и СЈО


Ја пушти Катица Јанева низ вода, застана зад СЈО, повика на законска, но и политичка одговорност за случајот „Рекет“, а на обвинителите што се одмораат им порача дека не е време за одмор и дека треба да спроведат брза истрага. Ова накратко беа клучните пораки на претседателот на државата Стево Пендаровски кој вчера свика прес […]

Исплатени субвенциите за продаденото јаболко


На сметките на 2.100 јаболкопроизводители во Преспа легнаа 106 милиони денари од интервентната мерка за продадено индустриско јаболко во преработувачките капацитети, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. На средба со преспанските земјоделци и градоначалникот Живко Гошаревски, ги слушна проблемите со кои се соочуваат јаболко производителите и разговараа за актуелните теми. – На […]

Одбојкарите Милков и Стошиќ нема да патуваат на пријателскиот двомеч со Романија


По две недели силни физички тренинзи и потоа уште две на тактичко-технички план, македонската одбојкарска репрезентација има само уште три дена работа во Маврово. На собир се петнаесетмина играчи, а од списокот на селекторот Никола Матијашевиќ сега недостасува само Марко Јуниор Стошиќ. Повредата на стомачните мускули значи дека тој не само што нема да работи […]

Австралија: 500 милиони долари за борба со климатски промени во реонот на Тихиот Океан


Австралија– Австралија ќе обезбеди 500 милиони долари (338 милиони американски долари) за справување со проблемите од климатските промени во Тихоокеанскиот регион. Парите ќе се потрошат за зголемена готовност за заштита од природни непогоди и за инвестиции во обновливи извори на енергија. – Тихиот Океан е нашиот дом што го споделуваме со семејство држави и народи, […]

Почина Гордан Михиќ, сценаристот на „„Камионџии“, „Дом за бесење“, „Балкан експрес“…


Србија– Прославениот српски сценарист, Гордан Михиќ почина вчера на 80-годишна возраст. Веста за смртта на Твитер ја објави неговата ќерка, актерката Ивана Михиќ. Михиќ починал рано наутро по ненадејно заболување. Гордан беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности, каде предаваше филмско сценарио. Од неговото перо излегоа некои од најпознатите филмови и серии во југословенската […]

Анџелина Џоли со досега невиден стил: Авион покрај авион


САД – Моќна како актерка, ангажирана како активистка, мајка на пет деца, Анџелина Џоли позира за септемврискиот „Ел“ со досега невиден моден стил. Фотографот Алекси Љубомирски ја виде како фатална жена – пилот пред авион, во кожена јакна, со авијатичарски очила за сонце и во мантил, од брендирани куќи, но и како романтична жена, во […]

Железничкиот сообраќај меѓу Куманово и Табановце редовен


Поради гаснењето на синоќешниот пожар што зафати стари дрвени прагови за пруга кај железничката станица Куманово, од безбедносни причини беше исклучен напонот за електровлеча меѓу железничката станица Куманово и железничката станица Табановце во 17.35 часот, информира Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје. Според Железници, сообраќајот на возовите меѓу железничката […]

Анкета: Мнозинство Британци за „брегзит по секоја цена“


Англија – Повеќето Британци се со став дека премиерот Борис Џонсон треба да ја изведе Велика Британија од ЕУ „со сите средства“. Тоа се резултати од анкета за Дејли телеграф. Педесет и четири отсто од анкетираните велат дека се согласни со тврдењето дека „Џонсон треба да обезбеди брегзит со сите средства, вклучително да повтори седница на […]

Изменетиот Закон за возила стапува во сила без целосно дефинирани критериуми


Во сила стапи Законот за измени и дополнување на Законот за возила со кој се предвидува субвенционирање на граѓаните што ќе набават ново или половно возило со EURO 5 или повисоки еколошки стандарди, субвенции за вградување на плински или метанов уред во возилата со EURO 4 и понизок стандард и воведување на еколошки налепнции за […]

Лиле Стефанова ќе даде исказ за „Рекет“ во ЈО


Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води предметот  „Империја“, денеска во Јавното обвинителство треба да даде исказ за случајот „Рекет“. Стефанова и нејзината шефица во СЈО Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“. Од […]