Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Со одлично расположение, денес сте подготвени целосно да го смените својот живот: правите нови познанства, договори во интимните врски и воспоставувате партнерства со кои што ќе си помагате взаемно. Најважно ви е да постигнете независност во љубовта и пријателствата и да продолжите понатаму со животот.

БИК: Денес го фаќате вчерашниот ритам и штом откриете дека работите се поповршни отколку на прв поглед, ќе се опуштите и ќе продолжите со својата работа. Обидете се да разберете каква е мотивацијата на луѓето со кои што се среќавате и останете флексибилни во секоја ситуација: ќе дојдете до моќна позиција со тивка решителност.

БЛИЗНАЦИ: Мистериите се откриваат и се јавува трошка надеж: за да се справите се потенцијалните опоненти, ќе треба да отстапите, да го смените однесувањето и да ги одложите плановите. Ви претстои сериозна работа, со која што ќе дојдете до позитивни вести во попладневните часови. Ова ви е животна лекција и оттука натаму сѐ ќе биде полесно.

РАК: Немојте да очекувате дека ќе напредувате со самиот почеток на утрото, туку почекајте го вториот дел од денот: првата мудрост е да се ослободите од негативните и будалести размислувања, а втората е да останете трпеливи. Добро е да предвидите со каков исход може да бидат вашите залагања и потоа ќе може да работите.

ЛАВ: Имате свежи идеи во кои што лежи голем потенцијал, но ќе треба да ја следите интуицијата која што ќе ви укаже кога е вистински момент за делување. За да ја постигнете саканата чест и победа, ќе треба да говорите меко и внимателно, однесувајќи се дипломатски со сите засегнати страни: луѓето ќе ви се восхитуваат и бурата ќе мине.

ДЕВИЦА: Нова инвестиција која што ќе го израдува вашето срце: енергијата е на високо ниво и сега сте посилно мотивирани да ги реализирате саканите проекти. Сепак, она што ќе го градите, треба да се развива постепено и да не форсирате: ако досега се плашевте, сега е време да се насмеете. Иницијативите наскоро ќе донесат совршен плод.

ВАГА: Прекрасни планетарни влијанија кои што ставаат фокус на приватниот живот: размена на искуства, идеи и разговори со личности на важна позиција, кои што ви даваат практични совети. Многу нови средби со различен круг на луѓе, со кои што ќе споделите убава и весела енергија. Кариерата се одвива одлично и би можеле да појдете на пат.

СКОРПИЈА: Иако ги имате сите потребни услови за да дојдете до саканиот статус, работите не се одвиваат според саканото темпо: ќе треба да се залагате повеќе и ќе се појават просперитетни шанси кои ќе бараат адаптација. Побарајте помош од пријателите и сетете се на оние кои што ги познавате одамна. Исплатете ги своите стари долгови.

СТРЕЛЕЦ: Се чини дека се наоѓате пред раскрсница: три страни се отворени, а едната не можете да ја минете за сега. Тоа ве исполнува со дилеми и тескоба, но тоа е причина повеќе да калкулирате добро и да правите нови планови со кои што ќе дојдете до поблескава иднина: побарајте совет од страна и сетете се на минатото и своите пријатели.

ЈАРЕЦ: Исклучително важен период, во кој што правите радикални промени: не можете да гасите огин со снег, ниту да да затворите ветер во кафез. И едното и другото се бесмислени работи, а со што само ќе ги нагласите своите емоции. Сепак, ова е одличен ден за чистење на сопствениот дом и двор, реорганизација и реевалуација.

ВОДОЛИЈА: Прекрасен ден за комуникација, зрели договори и креативни потфати: објавете јавно дека сте подготвени да го стегнете ременот и да се соочите со реалноста која што се одвива околу вас. Разбудете ги и останатите, бидејќи работата е покомплексна отколку што се чини на прв поглед: за правдата или неправдата ќе одлучува друг. Прокламации.

РИБИ: Некаков вид на траума, по која што конечно ќе се разбудите: долго време се борите за некоја кауза и имате чувство дека работите се одвиваат по некоја злобна шема. Ослободете се малку и ќе откриете како да го сопрете овој негативен циклус: бидете весели, тактични и ноншалантни. Сега имате решение за хроничните проблеми.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]