Турција вети помош за фирмите погодени од банкротот на „Томас Кук“

Турција – Министерот за туризам на Турција, каде во моментов се блокирани 21.000 клиенти на банкротираниот туроператор „Томас Кук“, соопшти дека ќе биде воспоставена програма за кредитна помош за локалните бизниси погодени од ненадејниот банкрот на агенцијата.

Програмата за поддршка ќе биде организирана што е можно поскоро од министрите за култура и туризам и финансии, се вели во соопштението на премиерот.

Според локалните власти, 21.033 лица во моментот се наоѓаат во Турција врз основа на патувања организирани од британската агенција „Томас Кук“, која утрово прогласи банкрот по неуспешните преговори за зачувување на 178-годишниот бизнис.

Стотици илјадници туристи денеска останаа блокирани  низ целиот свет по објавувањето на банкротот на „Томас Кук“, по што туроператорот веднаш ги запре сите летови, хотелските услуги и ги отпушти сите свои вработени.

Турскиот министер за туризам Мехмет Нури Ерсој изјави дека околу 50 милиони евра ќе бидат деблокирани во рамките на владината програма за помош и дека 21.000 британски туристи ќе бидат вратени во нивната земја во наредните недели.

Тој рече дека доколку германските, руските и нордиските филијали на Томас Кук прогласат банкрот, ќе бидат погодени и до 80.000 туристи.