Запленети 5,5 тони кокаин на подморница во САД

САД– Американската крајбрежна стража пресретна подморница во која пронајде и заплени речиси 5,5 тони кокаин, вреден 165 милиони американски долари, соопштија властите.

Операцијата беше организирана на 5 септември, а крајбрежната стража уапси четворица осомничени шверцери со дрога на подморница што пловеше низ источниот Пацифик на пат кон САД, јави Ен-Би-Си Њуз.

Крајбрежната стража не соопшти каде е пресретната подморницата, но наведуваат дека во акцијата имале помош од колумбиската морнарица.