Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Одличен ден за забава, дружење и љубов: најверојатно ќе бидете повикани на некаков вид на прослава и тоа сосема неочекувано, а сѐ што се бара од вас е да ја донесете својата широка насмевка. Друштвениот живот е возбудлив и се јавуваат прекрасни шанси да научите нешто ново, да ги споделите своите идеи и мислења. Нов развој на работен план.

БИК: Се чувствувате добро во својата кожа: есента е тука да ве потсети дека треба да се грижите за себе и својата виталност, а потоа работата ќе се одвива лесно самата од себе. Можен е контакт со помлада личност, која што има да ви понуди нови и интересни идеи, со кои што ќе се трансформирате: не форсирајте, бројте си ги чекорите и потврдете што сте научиле.

БЛИЗНАЦИ: Љубопитни и адаптибилни, денес ќе успеете да го фатите дневниот ритам и да се соочите со сѐ што се случува: ако откриете некоја тајна или нејаснотија, избегнувајте да бидете агресивни и набрзо ќе научите дека пред вас е прекрасен период. Бидете оригинални што се однесува до љубовта и креативните проекти. Долготрајни промени.

РАК: Би можеле да се соочите со одолговлекувања и потреба за баланс, особено на финансиски план. Сето ова потоа се рефлектира во областа на домот, каде што ќе треба внимателно да разгледате каде е потребно да направите рестрикција. Не седете беспомошно во позадина, туку погледнете им на своите сенки во очи: тие ќе ве научат како најдобро да си помогнете.

ЛАВ: Ќе ја погодите целта после долги одрекувања и блокади: повеќе нема место да страв, бидејќи денес до израз доаѓа вашата храбра природа. Започнати проекти со пријателите и нови начини да се изразите креативно, но и практично: тие ве поддржуваат и вие ја возвраќате поддршката, знаејќи дека овие потфати носат финансиски потенцијал. Насмејте се повеќе!

ДЕВИЦА: Можеби ќе сакате да се повлечете во своите интимни одаи, да се одморите и да смислите нови планови: ако очекувате некој друг да дојде и да ве ослободи, тогаш тоа значи дека сте се ставиле во подредена позиција. Откријте ги тајните ресурси и знаења и соочете се со несигурноста. Нека не ве чудат променливите емоции: настапете кога ќе бидете сигурни.

ВАГА: Вознемирениот дух ствара вознемирена перница: смирете се за кратко и ќе успеете да избегнете драма, солзи и груби зборови. Откријте како да ја завртите оваа ситуација во своја корист, бидејќи за воља на вистината, одмана требаше да ги решите прашањата во личната сфера. Најдете некој нежен збор во својот вокабулар и освојте ги туѓите срца.

СКОРПИЈА: Бидете флексибилни и отворени за нови сугестии: бирајте рационално и дозволете да ве води главата, а не срцето, без никакво емотивно влијание и лажна сентименталност. Високо одговорни, сега ве очекува подолг период на добра среќа и просперитет, со што доаѓате до лична трансформација. Брзо размислувате и доаѓате до вредни заклучоци.

СТРЕЛЕЦ: Вие сте прекрасна личност со многу таленти, која што умее да опстане сама, но и во група: слушајте ги добро информациите кои што ги добивате и делувајте според сопствените желби и потреби. Нема потреба да се стеснувате само затоа што некој не ја контролира својата анимална природа, па ако треба, завртете грб и заминете си во непозната насока.

ЈАРЕЦ: Како стареете, сѐ повеќе разбирате дека мудроста доаѓа со годините, па така ќе го сфатите и овој момент на транзиција кога некој креативн проек завршува, а сосема нов започнува. Сега треба да имате имагинација и да верувате повеќе, особено ако се случи да се разделите или изгубите некоја драга личност: бидете балансирани на својот пат кон самореализацијата.

ВОДОЛИЈА: Ова е момент кога се разголувате пред јавноста и покажувате на кој начин сте поврзани со останатите. Се работи за вашата експертиза, мудрост и врските со влијателни личности: под тенкиот вел на гардеробата што ја носите, ништо не останува сокриено засекогаш! Не употребувајте увредливи изрази, дури ниту кон непријателите: покажете ја ученоста!

РИБИ: Постигнувате подобри резултати во дневната рутина и успевате да се оттргнете од кошмарните размислувања, состојби или болест: сѐ се случува со неверојатен интензитет! Можеби некој претходно ви укажал како може да се одвиваат работите, се подготвивте на време и подобро се грижите за своето здравје: одморете се и хранете се подобро.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com