Почина Барон Хилтон, сопственикот на хотелите „Хилтон“


САД-Познатиот хотелиер и филантроп Барон Хилтон почина во својот дом во Лос Анџелес, на 91-годишна возраст. Неговата внука, трендсетерката Парис Хилтон истакна дека на него гледала како пример.

Внуците Парис, Барон и Ники Хилтон

-Многу сум погодена од смртта на мојот дедо Барон Хилтон, напиша таа на Твитер. Тој беше легенда, одличен визионер, живееше живот полн со авантури и достигнувања.

Барон со претседателот на САД, Роналд Реган

Во 2007 година, Си-ЕН-Ен информираше дека Барон Хилтон богатството во вредност од 1,2 милијарди долари ќе ги префрли наместо на неговите наследници, на филантропската фондација на неговото семејство.

Неговото семејство информираше дека 97% од неговото богатството ќе биде наменето за хуманитарни цели на неговата фондација.