Каде ќе се играат финалињата на ЛШ во 2021, 2022 и 2023 ?

Словенија – УЕФА официјално ги објави градовите домаќини на финалните изданија од Лигата за шампионите од 2021 до 2023 година. Во 2020, град домаќин на финалето е Истанбул, на стадионот „Ататурк“.

На состанокот во Љубљана, решено е финалниот меч во 2021 годинја да биде Санкт Петербург, на стадионот на Зенит. Русија вторпат ќе биде домаќин на овој настан, откако во 2008 се одигра интересно финале помеѓу Манчестер јунајтед и Челзи кои беше одлучено по изведување пенали.

„Алијанц арената“ во Минхен ќе биде местото каде во 2022 година ќе се игра финалето на ЛШ, десет години откако таму на пенали играа Челзи и Баерн. Во 2023, финалето ќе се игра на лондонски Вембли, истотака на десетгодишнина од последното финале таму.