Стил на Обединетите нации: Меланија и Иванка Трамп во бело


САД– Првата дама и сопруга Меланија Трамп (49) и постарата советничка во Белата куќа и ќерка Иванка Трамп (37) водат тивка војна со наклонетоста кон американскиот претседател Доналд Трамп, но и со стилот. Првата олицетворение на елеганција, втората на бизнис дрес-кодот. И двете сакаат шопинг и трошат енормно пари на скапи брендови за облека, чевли, модни додатоци и козметика. И двете вити, со убави нозе и високи 180 см.

Обединетите нации е сега актуелната арена кде ги мерат модните сили. Меланија е доследна на долгата секогаш исто исфенирана коса, а Иванка неодамна долгата коса ја скрати со боб фризура.

Случајно или намерно, во институцијата на мирот деновиве избраа бела гардероба. Првата дама во бел капут „Гучи“ со сребрени салонки, а советничката во бел комплет со панталони, црни салонки и чанта „Шанел“.

На приемот кај американксиот претседател, Меланија Трамп ја избра црната боја, еднаш фустан, со други гости – елегантен комбинезон.