Предавање на германскиот сценограф Јан Папелбаум


Германскиот сценограф Јан Папелбаум вечер од 19 часот во Музејот  на современа уметност ќе одржи предавање „Модерното на сцена (Сонот на куќата)“, што е дел од програмата „Преведување визуелна драматургија 2019“ на Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт. Јан Папелбаум е еден од најинвентивните современи театарски сценографи во германскиот и европски театар, резидентен сценограф во …

Предавање на германскиот сценограф Јан Папелбаум Read More »

Нишкиот театар со „Брод на љубовта“ гостува во Драмски


Драмски театар-Скопје ќе биде домаќин на гостувањето на Народниот театар од Ниш со претставата „Брод на љубовта“ по текст на Небојша Ромчевиќ, во режија на Ангелчо Илиевски. Ова е прво и возвратно гостување на нишкиот театар во  ДТС  кој во март на нивната сцена учествуваше  со претставата „Фестен“  на меѓународниот фестивал „Театар на крстопат“. На матичната …

Нишкиот театар со „Брод на љубовта“ гостува во Драмски Read More »

Дајан Абот: Асанж е прогонуван затоа што ги откри американските злосторства


Англија – Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж не е прогонуван затоа што ја загрозува националната безбедност на САД, туку затоа што на светот му ги откри злосторствата на американската влада и армија, изјави лабуристичката пратеничка во Долниот дом на британскиот Парламент, Дајан Абот. Коментирајќи го вчерашното апсење на Асанж од страна на британската полиција во Еквадорската …

Дајан Абот: Асанж е прогонуван затоа што ги откри американските злосторства Read More »

Без јавност: Хари и Меган нема да го запознаат светот со новороденото бебе


Англија- Принцот Хари и Меган, војвотката од Сасекс, ќе прекршат уште една традиција. Планираат да не го покажат новороденото бебе пред јавноста, како што досега тоа го правеше Леди Дајана и Кејт Мидлтон, соопшти Кесингтонската палата. Традиција е пред болницата каде се пораѓаат војвотките да се собираат фанови на кралското семејство во исчекување на новото …

Без јавност: Хари и Меган нема да го запознаат светот со новороденото бебе Read More »

На граничните премини лани патниците пријавиле 11,9 милиони евра


Царинската управа лани поднесла 44 кривични пријави против 55 физички и 15 правни лица, најголем број за шверцување, како и за промет со наркотици, фалсификување документи, права од интелектуална сопственост и даночна измама. Царинската лабораторија обработила 81 мостра и утврдила во 13 случаи несоодветно тарифно распоредување, по што наплатила дополнително 8,8 милиони денари. Кај оружјето, …

На граничните премини лани патниците пријавиле 11,9 милиони евра Read More »

Македонската жена има 18 отсто пониска плата од маж на иста позиција


Треба да се подигне јавната свест за јазот што постои меѓу примањата на мажите и жените за исти работни позиции. Иако Македонија ја има потпишано и ратификувано Конвенцијата за еднакви плати, две истражувања во 2011 и 2015 покажале дека жените заработуваат во просек по 18 или 19 отсто помалку од мажите. „Јазот кој постои во …

Македонската жена има 18 отсто пониска плата од маж на иста позиција Read More »

Израелскиот вселенски брод „Берешит“ се урна на Месечината


Израел – Израелскиот вселенски брод Берешит не успеа да слета на Месечината. Роботот се урна, соопшти тимот, кој ја следи мисијата. Берешит требаше да го направи првото слетување на Месечината од страна на приватна компанија. Досега тоа им успеа само на државните мисии на САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина. Според тимот, Берешит имал низа технички …

Израелскиот вселенски брод „Берешит“ се урна на Месечината Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Во домашните услови сте посветени на личните теми: љубов, среќа и слободно време. Можеби очекувате пари, кои ќе стигнат во свое време. На работен план сте исполнети и тука се занимавате со финансии кои се сосема неочекувани: позитивни изненадувања пријатели, ретко кога се случува вакво нешто! Најдете време да се одморите и да штедите. …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

(Фото) ФДУ преполно: Колегите се простија од режисерот Златко Славенски


Актери, режисери и студенти денес го преплавија Факултетот за драмски уметности во Скопје, на комеморацијата за нивниот колега, професор и пријател , режисерот  Златко Славенски, кој ненадејно почина во понеделникот на 53 години. Со солзи во очите и тага во душата за последен пат се простија од Славенски кој до крајот на овој семестар требаше …

(Фото) ФДУ преполно: Колегите се простија од режисерот Златко Славенски Read More »

Филмовите на Кирил Ценевски во трка за најдобро ДВД во Болоња


Дигитализираниот опус долгометражните играни филмови на Кирил Ценевски влезе во трка за меѓународната награда за најдобар ДВД производ што се доделува во рамките на престижниот фестивал на реставрирани филмови „Ил Чинема ритровато“ во Болоња, Италија. Заедно со изданието “Кирил Ценевски” во финалето влегоа и изданија посветени на режисерите Денис Хопер, Мајкл Чимино, Ингмар Бергман, Бернардо …

Филмовите на Кирил Ценевски во трка за најдобро ДВД во Болоња Read More »

Од старлета до адвокат: Ким Кардашијан се разбуди во „Вог“


САД-ТВ-ѕвездата и модна икона Ким Кардашијан-Вест во интервјуто за американскиот „Вог“ откри дека студира за да стане адвокат по кривично право и дека во 2022 година планира да го полага правосудниот испит. Таа минатото лето го почнала четиригодишното стажирање во правна фирма од Лос Анџелес . Кардашијан се заинтересирала за правните науки откако се обрати …

Од старлета до адвокат: Ким Кардашијан се разбуди во „Вог“ Read More »

Премиерот Заев на 8. Самит на земјите од Централна и Источна Европа и Кина од Процесот 16+1


Премиерот Зоран Заев заедно со владина делегација ќе учествува на 8. Самит на шефови на влади на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина од Процесот 16+1, кој денеска и утре ќе се одржи во Дубровник, Република Хрватска. Во рамки на овој самит премиерот Заев ќе присуствува на отворањето на Економски и …

Премиерот Заев на 8. Самит на земјите од Централна и Источна Европа и Кина од Процесот 16+1 Read More »

Николина Андова-Шопова: Пресреќна сум што имам роман на годината!


Николина Андова-Шопова синоќа во КИЦ ја прими наградата „Роман на годината“ за 2018 на Фондацијата „Славко Јаневски“ за романот „Некој бил тука“, во издание на „Темплум“. -Одамна размислував да напишам приказна за човек кој е заробен и зависен од просторот во кој се рефлектира неговото минато, детство, стравови, сомнежи… Но секако, ова е само еден …

Николина Андова-Шопова: Пресреќна сум што имам роман на годината! Read More »

Тевдовски: Очекуваме растот на странските директни инвестиции да се удвои на пет отсто од БДП


Се очекува растот на странските директни инвестиции да се искачи на над пет отсто од БДП, одржливо ниво, во периодот по пристапување во НАТО. Ова е двојно повеќе од просечната стапка на раст на странски директни инвестиции во Република Северна Македонија во изминатите пет години. За нашата земја ова ќе значи поголема вработеност, подобро платени …

Тевдовски: Очекуваме растот на странските директни инвестиции да се удвои на пет отсто од БДП Read More »

Коле Ангеловски напиша книга за работниот век во Драмски театар


Актерот, сценарист и режисер Коле Ангеловски објави автобиографска книга за 50-те години кои работно ги поминал во Драмски театар-Скопје. Насловена е  „Педесет години во Драмски…и клоцата во…“, а воедно, како што наведуваат рецензентите Сашо Тасевски и Свето Стаменов,  книгата е и искрена приказна за самиот театар, за луѓето во него и со кои работел, за …

Коле Ангеловски напиша книга за работниот век во Драмски театар Read More »

Кацарска: Првото поглавје од преговорите не се отвара веднаш по одлуката на ЕУ


Белгија– Директорката на Институтот за европска политика, ЕПИ, Симонида Кацарска, во разговорот се осврнува на изјавите на комесарот Хан за “подготвителната“ фаза на преговори, но и на капацитетот на македонската администрација да се сноси со преговарачкиот процес. Изјавата на европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, дека Европската Комисија ќе предложи отворање на “подготвителна“ фаза на …

Кацарска: Првото поглавје од преговорите не се отвара веднаш по одлуката на ЕУ Read More »

Принц Чарлс и Камила: Прославивме 14 години брак


Англија– Принцот Чарлс (70) и Камила (71), војвотката од Корнвол прославија 14 години брак со нови портрети, потпишани од славниот фотограф Алекс Лубомирски кој ја сликаше свадбата на Хари и Меган, и објавени на социјалните мрежи. Двојката која се венча на 9 април во 2005 година во капелата „Св. Џорџ“ во Виндзор, на денот на …

Принц Чарлс и Камила: Прославивме 14 години брак Read More »

Фуере: Разочарувачки е што ЕК попушта пред противниците на проширувањето


Белгија– Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, вели дека е разочаран од компромисите што Европската Комисија ги прави со земјите противници на проширувањето и предупредува дека преговорите со земјава се тест за кредибилитетот на ЕУ. Фуере смета дека изјавата на Хан за подготвителната фаза на преговори, која беше насочена кон скептиците на проширувањето, …

Фуере: Разочарувачки е што ЕК попушта пред противниците на проширувањето Read More »

Турски инвеститор сака да гради десет ветерници во Демир Капија и Гевгелија


Турски инвеститор е заинтересиран да гради десет ветерници во Демир Капија и Гевгелија, компанијата испратила известување за намера да инвестира во искористување на енергијата од ветерот во овој дел на државата, до Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна средина. Седум од ветерниците се планирани да бидат во Демир Капија, а остатокот …

Турски инвеститор сака да гради десет ветерници во Демир Капија и Гевгелија Read More »

Сауна, џакузи и базен: Балашевиќ купи луксузна вила во Истра


Новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ (65) неодамна купи вила во близина на Умаг во Истра. Таму тој не е сам бидејќи околу неговата вила се уредуваат уште осум идентични други зданија за идните богати сопственици. Секоја луксузна вила има малку повеќе од 200 квадратни метри и има голем двор со паркинг и гаража за два автомобили. …

Сауна, џакузи и базен: Балашевиќ купи луксузна вила во Истра Read More »