Принц Чарлс и Камила: Прославивме 14 години брак


Англија– Принцот Чарлс (70) и Камила (71), војвотката од Корнвол прославија 14 години брак со нови портрети, потпишани од славниот фотограф Алекс Лубомирски кој ја сликаше свадбата на Хари и Меган, и објавени на социјалните мрежи.

Двојката која се венча на 9 април во 2005 година во капелата „Св. Џорџ“ во Виндзор, на денот на јубилејот имаше протоколарна обврска- го реотвараа замокот Хилсбороу во Белфаст,Ирска, каде принцот Чарлс го промовираше новиот портрет со неговиот лик.

Замокот на војводата од Дауншајр, изграден 1770 година, беше затворен пет години заради реновирање. Од 18 април ќе биде отворен за јавноста.

Лубомирски, кој има сина крв (потекнуваод полската кралска лоза Лубомирски), живее и работи во Њујорк, под менторство на славниот, пред сѐ, моден фотограф Марио Тестино кој работеше за „Вог“, „Харперс базар“ и „Венити феар“.

Тестино ја фотографираше свршувачката на принцот Вилијам и Кејт во 2010 година и беше омилен фотограф на принцезата Дајана.

Се претпоставува дека тој го поврзал Лубомирски со британското кралско семејство.