Сауна, џакузи и базен: Балашевиќ купи луксузна вила во Истра


Новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ (65) неодамна купи вила во близина на Умаг во Истра.

Таму тој не е сам бидејќи околу неговата вила се уредуваат уште осум идентични други зданија за идните богати сопственици.

Секоја луксузна вила има малку повеќе од 200 квадратни метри и има голем двор со паркинг и гаража за два автомобили. Вилата се состои од огромна дневна соба, четири спални соби со посебни бањи, надворешна и внатрешна кујна, а покрај сето тоа, има и базен од 40 квадратни метри, сауна, џакузи, подно греење…

Вила со базен каква што купи Балашевиќ чини околу 450.000 евра, но велат дека таа по принципот клуч на рака би можела да биде двојно повеќе.

Концертите на балканската ѕвезда во регионот се секогаш парада на добро расположение, многу пиво и познати лица во публика, што да се раскажува…Песните ни по 40 години не избледнуваат, убавите ги потиснуваат неубавите спомени од животот, ама порачувате пијачка, и така тоа почнува, па пристигате кај сватовите на бившите девојки, што да ви кажам сите вистински љубови и концерти на Џоле се тажни…

Џоле ко Џоле, и на 65 години е истиот. Со истиот хумор, ироничен, југоносталгичен, без влакно на јазикот, со некое кило повеќе, во фармерки, блузон и бели патики…

Четири пати досега во Скопје, на концертите на нашиот омилен кантавтор, се мешаа радоста, среќата, шегата и сериозната политика, животот е еден момент циркус, еднаш звучи во д-мол, некогаш ви заличува дека сѐ отишло во Хондурас, а некогаш стигнувате до дното …

Секогаш ќе го сакаме и ќе одиме на концертите на Џоле. Тој е легенда за неколку животи. Колку да се чувствуваме поубаво. (Л.С.)