Филмовите на Кирил Ценевски во трка за најдобро ДВД во Болоња


Дигитализираниот опус долгометражните играни филмови на Кирил Ценевски влезе во трка за меѓународната награда за најдобар ДВД производ што се доделува во рамките на престижниот фестивал на реставрирани филмови „Ил Чинема ритровато“ во Болоња, Италија.

Заедно со изданието “Кирил Ценевски” во финалето влегоа и изданија посветени на режисерите Денис Хопер, Мајкл Чимино, Ингмар Бергман, Бернардо Бертолучи, Милош Форман.

Гостите на фестивалот се Мартин Скорсезе, Аки Каурисмаки, Изабела Роселини, Марко Белокио…

ДВД сетот со четирите играни филмови на Ценевски излезе во март годинава, а ги содржи „Црно семе”, „Јад”, „Оловна бригада” и „Јазол”.