Роналдо сака да се врати во Реал, објави негов пријател


Шпанија – Кристијано Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид, откри еден од неговите блиски пријатели, Еду Агире . Синоќа двајцата беа заедно на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ за дербито на Барселона, а Португалецот дури влегол во соблекувалната со своите поранешни соиграчи за да ги инспирира. Роналдо доби аплаузи од навивачите и со нив […]

Проектот „СЕГА“ ќе не претставува на Меѓународната изложба на архитектура во Венеција


Министерството за култура информира дека Комисијата во состав:Трајче Блажевски, Имер Бајрами, Џемил Бектович, Агрон Салиу и Александар Андовски, ги разгледа пристигнатите пријави на Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од областа на меѓународната дејност за учество на Република Северна Македонија на 17-тата Интернационална изложба на архитектурата во Венеција и одлучи национален претставник на нашата […]

ЕУ го зголеми нивото на ризик од коронавирус на „високо“


Белгија– Нивото на ризик од новиот коронавирус во Европската унија се зголеми од „умерено“ на „високо“, потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа објави соопштение во момент кога болеста се шири во поголемиот дел од Западна Европа. – Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти денеска дека нивото на ризик […]

Ангеловска: Буџетот има капацитет за какви било шокови со короноварирусот


Рано е да се зборува за бројки за финансиски штети поради коронавирусот, будно се следи состојбата, а државниот Буџет е во добра кондиција во првите два месеца и имаме капацитет во секој момент да се справиме со какви било шокови,  вели министерката за финансии Нина Ангеловска. Првична реакција, укажува, имаше на пазарот на капитал, а […]

Ема Томпсон се отсели од Британија: Во Венеција го живеам сонот


Италија– Откако неодамна Велика Британија ја напушти Европската унија, оскаровката Ема Томпсон (60) со сопругот Грег Вајс со кого е во брак 17 години, замина да живее во Венеција, Италија, а минатата недела добија и италијанско државјанство. Наводно, двојката купила куќа во Венеција и интезивно го учат италијанскиот јазик. -Италија е остварување на мојот сон, […]

Вечер на тоалети и смокинзи: Виенски бал на 14 март во Скопје


На 14 март, во хотелот „Александар палас“  традиционално, по 21-ви пат, ќе се одржи Виенскиот Бал во Скопје, под покровителство на амбасадата на Република Австрија во нашата земја, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус. Единствена вечер каде доаѓа до израз вашата елеганција со задолжителните вечерни тоалети и смокинзи. Вечер кога гостите […]

Експерт за безбедност за „Естерајх“: Притисокот врз надворешната граница на ЕУ поопасен отколку во 2015 година


Австрија – Тековниот притисок врз надворешната граница на ЕУ е значително поопасен отколку во 2015 година, предупреди неименуван германски експерт за безбедност во изјава за виенскиот весник „Естерајх“. Мигрантите можат да бидат заразени со коронавирус и исто така терористи можат да се кријат во масите. Откако минатата недела Турција објави дека веќе нема да ги […]

Драмскиот театар го прекинува репертоарот до 6 март


Националната установа Драмски театар – Скопје денеска соопшти дека согласно препораката на Владата за превенција од ширење на коронавирусот, го прекинува својот репертоар до 6 март годинава. Согласно ова, како што се наведува во соопштението, откажана е претставата „Луди за љубов“, што требаше да се одигра утре на сцената на овој театар. Билетите доделени како […]

Македонската копродукција „Малмкрог“ со награда на Берлинале


Филмот „Малмкрог“ на  Кристи Пују, ја освои наградата за режија во новосоздадената селекција „Encounters” на Берлинскиот филмски фестивал, каде дел од копродукцијата е и нашата продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски и нашата Aгенција за филм. „Малмкрог“ е копродукција помеѓу Романија, Србија, Швајцарија, Шведска, Босна и Северна Македонија. Главен продуцент е Мандагора од Романија. Во […]

Акустична гитара на „Битлси” проценета на 400.000 фунти


Англија– Aкустична гитара, што им припаѓала на членовите на легендарниот поп-рок бенд „Битлси” – Џон Ленон и Џорџ Харисон, е проценета на 400.000 англиски фунти на емисија на Би-Би-Си. Сегашниот нејзин сопственик Реј работел музика за филмска компанија, чиј соосновач бил Харисон. Лично тој и го најмил… – Отсвирив неколку ноти и тој ми рече: […]

Истражување: Претераното гледање порно е опасно по сексуалното здравје


САД – Психолозите и секс-терапевти Џенет Брито и Меган Флеминг за „Хафингтон пост“ говорат за штетните последици од претераното гледање порнофилмови. Тие посебно се осврнаа на проблемите во односите со партнерот што тоа може да ги предизвика. Според стручните лица, не е потребно љубителот или љубителката на овој жанр целосно да се откаже од порнофилмовите, но […]

Десет романи во конкуренција за роман на годината за 2019 година


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2019 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во втората селекција избра десет романи што останаа во конкуренција за оваа награда. На годинашниот конкурс пристигнаа 38 романи. Жири-комисијата во првата селекција избра 20 наслови, а сега списокот го скуси на десет […]

Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус низ светот надмина 3.000 лица


Кина–  Бројот на луѓето кои досега низ светот починаа од компликации настанати по заразувањето со коронавирус, надмина 3.000, откако Кина денеска пријави уште 42 нови смртни случаи. Повеќе од 90 отсто од нив се од Хубеи, кинеската провинција во која вирусот се појави кон крајот на минатата година. Но, смртни случаи има и во други […]

Димитров за „То Вима“: По Договорот од Преспа фокусот е на стартот преговорите со ЕУ


Грција – Договорот од Преспа претставува дел од меѓународното право, но сега имаме потреба од затворање на ова поглавје започнувајќи ги преговорите за членство. Тоа ќе ни помогне да ја надминеме поделбата кај нашиот народ, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за грчка „То Вима“ дадено по минатонеделната Конференција на високо ниво за […]

Штрајк со глад почна лекарот кој и помогна на ЦИА за убиството на Осама бин Ладен


Пакистан– Пакистанскиот лекар кој им помогна на ЦИА да го пронајде и убие Осама бин Ладен, почна штрајк со глад од неговата затворска ќелија, соопштија денеска неговиот адвокат и семејството. Шакел Африди со години лежи зад решетките откако неговата програма за лажна вакцинација им помогна на американските агенти да го пронајдат и убијат лидерот на […]

Се отвораат архивите за понтификатот на „воениот папа“ Пие XII


Италија– Ватикан денеска ги отвора архивите од времето на папата Пие XII, на кого критичарите му препишуваат дека во текот на Втората светска војна не протестирал против холокаустот. На историчарите и истражувачите на овој нанин ќе им стане достапна документацијата од понтификатот на контроверизниот папа Пие XII, кој на чело на Римокатолиќката црква бил од 1939 […]

Мицотакис и Мишел утре ќе ја посетат границата на Грција со Турција


Грција-Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на Европскиот совет Шар Мишел, утре ќе ја посетат грчко –турската граница кај Еврос, како што самиот Мицотакис објави на официјалниот „Твитер“ профил, јави дописничката на МИА од Атина. -Границите на Грција се надворешни граници на Европа. Ќе ги заштитиме. Ќе го посетам Еврос, копнената граница со Турција со […]

Портпарол на СЗО: Вакцина против Ковид-19 за три до четири месеци


Србија– „Клиничките испитувања за вакцината против новиот коронавирус се очекуваат за три до четири месеци“, рече портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ. „Тимови на експерти од целиот свет се ангажираат дење и ноќе во оваа и другите заеднички мисии и веруваме дека тоа ќе даде резултати“, изјави Јашаревиќ за „Вечерње новости“. „Новиот вирус е […]

Промени на јужната граница нема, земјата подготвена за евентуален нов бран бегалци


За евентуален бегалски бран земјава и институциите се подготвени, тврдат надлежните. Полицијата е постојано присутна на јужната граница, состојбата е непроменета и има стандардна бројка на обиди за нелегален влез во нашата држава. Од Министерството за внатрешни работи порачуваат дека граѓаните немаат причина за загриженост, состојбата е непроменета и оти има стандардна бројка на обиди […]

Сончево со умерена облачност и ветер од јужен правец


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во раните утрински претпладневни чсови ќе има локален слаб дожд во западните делови. Ќе дува умерен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до шест степени, а дневната максимална од девет до 21 степен. Во следните денови […]