68 години на тронот: Кој се грижи за стилот на кралицата Елизабета?


Англија- Денес кралицата Елизабета Втора, олицетворение на достоинствo и смиреност, слави 94 години, прв пат во 68-годишното владеење, скромно и без почесна плутонска стрелба и паради , заради несоодветниот момент и кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Најверојатно, најдолгиот владетел на тронот меѓу кралските семејства ќе донира еден од нејзините шарени комплети за прославата, пренесуваат британските медиуми.

Кралицата Елизабета Втора е љубител на комплети во пастелни бои, елегантни и едноставни костуми со здолниште кои задолжително ги носи со брош како моден детаљ.

Постојат два дизајнера на кои им остана лојална со текот на годините. Тоа се Норман Хартнел за специјални пригоди (тој ја дизајнираше нејзината гардероба за крунисуваањето и на свадбата) и Харди Амис кој е задолжен за нејзината дневна гардероба.

Добро позната по нејзините бели нараквици, бисерните ѓердани и малите чанти на брендот „Launer“, Нејзиното височество се етаблира како не само најдолг монарх, туку можеби и со најстил.

Всушност, лани, кралицата даде дозвола на објавувањето на книгата на нејзината модна асистентка Ангела Кели, насловена „Другата страна на монетата, кралицата, фустанот и гардеробата“.

Кели, која служи во Бакингамската палата од 1994 година, во книгата откри неколку тајни за стилот на кралицата.

Меѓу најзачудувачките откритија беше фактот дека Кели лично ги носи сите нови чевли на кралицата за да ги разгази.

И покрај придржувањето кон испробаната и тестирана модна формула, кралицата Елизабета и понатаму останува во чекор со трендовите. Лани, стана првата кралица во историјата која целосно го исфрли крзното од нејзиниот гардеробер.