Од јуни дигитална Модна недела во Лондон


Англија– Утрово, британскиот Моден совет објави нова верзија на Лондонската модна недела што ќе се случи за време на претходно закажаните датуми за Модната недела во Лондон: за мажи од 12 јуни до 14 јуни 2020 година. Наместо физички ревии, Модната недела во Лондон ќе биде целосно дигитална , со содржина што излегува на страницата londonfashionweek.co.uk.

„Со создавање на културна модна платформа ние се адаптираме кон дигитална иновација за да ги задоволиме нашите потреби денес и нешто да се изгради како глобален изложбен простор за во иднина. Дизајнерите ќе можат да ги споделат своите приказни, а за оние што ги имаат, своите колекции, со поширока глобална заедница, изјави Каролин Раш, главен извршен директор на британскиот Моден совет.

Дигиталната модна недела во Лондон нема да биде прва од ваков вид – Шангај одржа дигитална модна недела на почетокот на април, а Токио во март  — но Лондон ќе биде првиот град што ќе го усвои единствениот дигитален модел.