Актерот Ансел Елгорт се соблече за да им помогне на заболените од Ковид-19


САД– Холивудскиот глумец Ансел Елгорт се соблече пред обожавателките и обожавателите, но во добротворни цели.

Имено, ѕвездата на хит-филмовите „Различна“ (Divergent) и „Возач“ (Baby driver), на Инстаграм објави слика од себе, гол под туш, придружена со линк за љубопитните да дознаат повеќе.

Меѓутоа, линкот не води до албум разголени фотографии од актерот, туку до профил на страницата „GoFundMe“. Се работи за иницијативата на неговиот колега Џефри Рајт и властите на населбата Бруклин во Њујорк, да соберат најмалку милион долари за најпогодените од новиот коронавирус.

Досега 2.200 донатори дариле нешто повеќе од 210.500 долари.