Филипче: Премиерот ќе се тестира оваа недела


Премиерот Оливер Спасовски, вицепремирот Бујар Османи, министрите за здравство Венко Филипче и Арбер Адеми, кои се во самоизолација од минатата недела откако имаа контакт со градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски кој е позитивен на Ковид 19, се чувствуваат добро и немаат никакви симптоми.

Ова го истакна министерот Филипе во одговор на прашање на денешната прес-конференција оценувајќи дека сите биле во различен ризик и оти треба да направи тест премиерот во текот на оваа недела.

-Сите бевме во различен ризик. Сметам дека треба да направи тест премиерот во текот на оваа недела. Чекаме да поминат најмалку седум дена, а после ќе ги пратиме препораките на епидемиолозите и согласно нашата здравствена состојба. Засега сите се во добра здравствена состојба без апсолутно никакви симптоми или тегоби, изјави Филипче.