Меган Маркл како наратор: Која е пораката на белата кошула?


САД– Омилената бела кошула на Меган Маркл (38) од нејзината модна линија за хумани цели имаше уште едно јавно претставување! Не случајно ја избра во првото ТВ деби во улога на наратор а не како војвотка од Сасекс, во интервјуто  снимено минатото лето, а објавено вчера во емисијата „Добро утро Америка“ со цел за промоција на документарниот филм „Слон“ на Дизни.

Добротворната организација Smart Works, која им помага на жените да најдат вработување со совети за тренери и професионална облека за интервјуа за нивни работни места, беше едно од четирите кралски задолженија на Меган, како покровител, објавени во јануари 2019 година.

Меган се појави во истата кошула за време на кралската турнеја на принцот Хари на Африка минатата есен.

Од 31 март двојката се повлече од кралските должности и се пресели прво во Канада, а сега е во Лос Анџелес со 11-месечниот син Арчи и работат на својата финансиска независност иако принц Чарлс најави дека ќе продолжи да ги помага финансиски.

„Навистина сум благодарна што можам да ја доведам во живот оваа приказна за слоновите“, рече Меган во интервјуто. Кога поминувате време на поврзување со нив во нивниот животински свет, разбирате дека ние треба да играме улога во нивното зачувување и нивната безбедност “.

Тие неодамна беа забележани околу нивниот нов дом на Л.А. испорачувајќи бесплатни оброци во име на Project Angel Food, непрофитна добротворна организација што готви, подготвува и доставува оброци на лица кои живеат со болести кои се изложени на поголем ризик за време на пандемијата COVID-19.

„Тие беа крајно внимателни  и беа вистински заинтересирани за секој човек што го сретнаа“, рече Ричард Ајуб, извршен директор на проектот .

Маркл беше прогласена за највлијателна модна личност за 2019 година, според онлајн пребарувањето за мода, а во 2018 имаше најбаран стил на Гугл.