Голди Хоун има семејство на убавици според  “People”


САД- Актерката Голди Хоун, нејзината ќерка Кејт Хадсон и внуката Рани Роуз Фуџикава ја красат насловницата на јубилејното специјално издание Beautiful на „”People” .

Ова е прв пат три генерации од едно семејство да се појават на едно од најпрестижните насловници во шоу-бизнисот, годинава, во чест на 30-тото издание.„Овие жени илустрираат што е важно сега за нас: позитивност, љубезност, смеа и семејство“, рече главниот уредник на „Пипл“, Дан Вејкфорд.

Во изданието, ѕвездата на „Private Benjamin “ Хоун (74) и актерката на „”Almost Famous” “ Хадсон (41) зборуваат за нивната врска и за предизвиците на родителството.

“Мајка ми беше најголем поддржувач на се што правев во животот и во кариерата. СЕ надевам дека тоа искуство ќе го пренесам и на черка ми, изјави Хадсон за магазинот.

Двојниот број, содржи 40 страници и со други sвезди, меѓу кои и актерките Гвинет Палтроу и Рита Вилсон кои се фотографирани за делот „Barefaced Beauties“.

Мишел Фајфер беше првата славна личност која беше претставена на насловната страна на „Најубави“ во 1990 година. Џулија Робертс беше пет пати на насловницата, како и Том Круз, Леонардо Ди Каприо и Бијонсе.

Изданието од „Најубави“ е сменето во 2018 година, едноставно со „Убави’.