CFDA и „Вог“ собраа 4 милиони долари за помош на независните дизајнери


САД– Модниот фонд за спасување на независните дизајнери и брендови „Заедничка нишка“, иницијатива што ја формираа Советот на модните дизајнери од Америка (CFDA) и американскиот „Вог“ прими над 800 апликации откако се создаде пред помалку од еден месец. Ниту еден апликант нема да добие грант од повеќе од 100 илјади долари, а комитетот се надева дека ќе ги изврши првите исплати до мај.

Ана Винтур и Том Форд, претседателот на Советот на американски дизајнери

„Ние не се преправаме дека е финансиска помош … ова го гледаме како грант што ќе премости многу тешко време, нешто за да ги запали светлата. Целта е да дадеме малку на пари до што е можно повеќе “, изјави уредничката на „Вог“ Ана Винтур за „Њујорк тајмс“.