Почнува со работа лабораторијата во МАНУ, дневно ќе се прават по сто теста за Ковид-19


Лабораторијата во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почнува со работа од денеска со капацитет од 100 тестови за Ковид-19, најави денеска на онлајн прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека лабораторијата ќе биде наменета за сите анализи кои со соодветен транспорт во текот на утрото до 14 часот ќе стигнат од сите болници од државата, каде се примаат пациенти на тријажа и ќе почне процесот на изработка прво на изолација на вирусот, а после и идентификација и околу 21, 22 часот ќе бидат познати сите резултати кои ќе стигнат тој ден.

– Имајќи го предвид капацитетот, просекот на пациенти кои се јавуваа во другите болници, сметам дека практично времето на чекање на резултат ќе биде не повеќе од еден ден со активирање на оваа лабораторија, додаде Филипче.