Облачно со пониски температури и наместа нестабилно


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од […]

За два дена казнети 216 лица кои на плажа во Охрид биле без маска


Во периодот од 28 до 30 јули, по плажите на охридското крајбрежје, во полициските контроли констатирани се 216 лица кои не носеле заштитна маска. Како што информираат од полицијата, ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. По овој […]

Премиера на „Врба“ во Романија, во август и во Кина


Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски вечер ќе има романска премиера на најстариот и најголем романски интернационален фестивал – Трансилванија во Клуж-Напока. -Ова е еден од првите фестивали во светот кој ќе се одржи во услови на пандемија – филмовите ќе се прикажат пред публика на отворени простори, соопшти продукцијата „Банана филм“. „Врба“ во август ќе […]

ЕУ ја засилува употребата на плазма во лекувањето на Ковид-19


Белгија– Европската комисија повика повеќе од 200 служби за собирање крв низ ЕУ да аплицираат за финансирање за набавка на опрема за плазмафереза која овозможува земање плазма од донатори. Целта на оваа акција е да се соберат резерви и да се поддржи лекувањето на нови пациенти со Ковид-19 со крвна плазма од оздравени лица. Лекувањето се состои од трансфузија на реконвалесцентна […]

СЗО: Ефектите од Ковид-10 ќе траат со децении


Швајцарија– Глобалната пандемија на новиот коронавирус е вид катастрофа, чии ефекти ќе траат долго во иднината, нагласи денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Габрејесус. – Пандемијата е здравствена криза што се јавува еднаш во сто години и влијанијата ќе траат со децении, рече Тедрос на состанокот на комисијата за итни случаи […]

Во Гевгелија најжешко, измерени 42 степена


Температурата на воздухот денеска во Гевгелија се искачи на 42 степени, а во Демир Капија се регистрирани 40 степени Целзиусови. Високи температури имало во сите градови, така според мерењата на УХМР во Охрид и Берово максималната температура била 34, Претор 35, Крива Паланка, Битола и Прилеп 36, Тетово 37, Скопје Петровец, Штип и Виница 38, […]

Чаршијата замре за Курбан Бајрам (галерија)


Граѓаните на Скопје, особено од исламската вероисповед, денешниот најтопол ден ова лето и прв ден од Курбан Бајрам (трае четири дена) одлучија да го поминат дома или во затворен простор. Дел од граѓаните сигурно ќе го спојат денешниот ден со викендот и со неработниот понеделник за празникот Илинден и ќе заминат во некој од туристичките […]

Хераклеа со лифт ќе можат да ја посетат и лица со посебни потреби


Отпочна реконструкцијата на археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис поддржана од Европската Унија . На прес-конференцијата за новиот проект зборуваа евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалничката на Битола – Наташа Петровска и директорот на Завод и Музеј од Битола – Мери Стојановска. Проектот е во рамките на  SMART-CUL-TOUR кој што се спроведува во […]

СЗО: Да се укинуваат мерките за меѓународни патувања, да се одредат приоритети


Швајцарија – Светската здравствена организација (СЗО) им порача на земјите ширум светот дека треба постепено да ги укинуваат мерките за меѓународни патувања, врз основа на темелна проценка на ризикот, и тој приоритет треба да им се даде на итни случаи. СЗО препорача приоритет да се даде на патувања поради итни случаи, хуманитарни активности, патувања на неопходен персонал и враќање во […]

Проектот „Патиштата на хероите“ на МНТ доби 395 илјади евра од ЕУ


Проектот „Патиштата на хероите“ на Македонскиот народен театар (МНТ) е поддржан од Програмата Креативна Европа, во рамки на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан со вкупно 395.183 евра. Oва е првпат театар од државава да добие средства од Програмата Креативна Европа од Европската Унија. Како што соопшти денеска МНТ, проектот се занимава […]

Токио со нов рекорд на заразени од коронавирус


Јапонија– Бројот на заразени со коронавирус во Токио, во изминатите 24 часа, надмина 400 лица, што претставува рекорд за целиот период на епидемијата, изјави гувернерката Јурико Коике. Според неа, во изминатите 24 часа се регистрирани 463 нови случаи на заразени и за првпат зголемувањето во главниот град надминува 400 лица за 24 часа. Претходниот пик на […]

Стилистот Дејан Милиќевиќ за борбата со корона: Едвај се спасив, лекарите кренаа раце од мене


Србија– Стилистот Дејан Милиќевиќ без кого мак и ЈУ естрадата не можеше да се замисли, веќе две недели е во болница во Белград, каде што се лекува од коронавирусот. Во интервју за „Пинк“ тој вели дека сега се чувствува малку подобро, но дека лекарите едвај успеале да го спасат бидејќи вирусот се проширил на белите […]

Трамп има доверба во докторка којa верува во секс со демони


Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го промовираше антималаричниот хидроксихлорокин како лек против коронавирусот со објавување на видео на докторка, која се поврзува со контроверзни медицински теории и ставови против хомосексуалците. Видеото на д-р Стела Имануел од Хјустон се појави на „Фејсбук“, но оваа социјална мрежа го избриша, верувајќи дека хидроксихлорохинот сè уште е непроверен и дека не треба да се промовира како лек против Ковид […]

Светло и бело, освен гардеробата: Кендал Џенер го покажа својот дом во Л.А.


САД- Деновите на Кендал Џeнер може да бидат исполнети со светкави светла и папараци, но кога е дома, таа е опкружена со чисто спокојство. 24-годишниот супермодел ја покажа својата куќа во Лос Анџелес во новиот број на Architectural Digest, а нејзиниот стил на декор е повеќе недооценет и боемски отколку останатиот дел од семејството Џенер/ […]

Пентагон потпиша договор со Глаксо за вакцини против Ковид-19


САД– Пентагон соопшти дека потпишал договор од 342 милиони американски долари со британскиот фармацевтски гигант „Глаксо Смит Клајн“ (ГСК) – GlaxoSmithKline (GSK) за снабдување „масовни количини вакцини против Ковид-19 за американската војска“. Во соопштението се наведува дека ГСК е единствената компанија што доставила понуда според договорот, што би се состоело од доставување на вакцината до […]

Бил Гејтс: Сите земји да се обединат во борбата против коронавирусот


САД – Сите земји во светот мора да се обединат за да ја спречат пандемијата на коронавирусот, порача Бил Гејтс, основач на компнијата „Мајкрософт“ и копретседавач на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, во новата онлајн издание на њујоршкото списание „Тајм“. – Пандемијата влијае на здравјето на луѓето и економијата, во сите делови на светот, без исклучок. Борбата […]

Одмор


ЛЕЈЛА САБИТ Звучи скапо, ама разгалувањето на душата и на телото нема цена. Им треба на млади, на стари, на вработени и невработени, на здрави и болни, на уморни, на одморени, на пушачи и непушачи, на богати и на тие што штедат, на сеирџии и тие што тераат ќеф, на тие што молчат, на тие […]

Кина: Првпат од април повеќе од 100 новозаразени со Ковид-19


Кина – Првпат од април оваа година во Кина се регистрирани повеќе од 100 новозаразени лица со коронавирус и тоа два дена по ред, соопшти Националната здравствена комисија. Од вкупно 105 новозаразени случаи, 102 биле локално инфицирани, а Комисијата потврдила и 21 асимптоматски заразени, кои не се вбројуваат во евидентираните случаи.

Завршува рокот за аплицирање за земјоделски субвенции


Во 00:00 часот вечер завршува рокот за поднесување барања за субвенции за растително производство (поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади), за сточарско производство (одгледувачи на говеда, овци, кози, пчели свињи), како и за заклани животни во кланица од годинашната Програма за директна поддршка. До вчера претпладне, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство […]

Последен ден за барања за поддршка на фирмите што инвестираа во пандемија


Рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост-ковид периодот што е наменет за компаниите што инвестирале за време на пандемијата со коронавирусот Ковид-19 истекува денеска. Со повикот, кој е дел од третиот сет економски мерки за поддршка на економијата од последиците предизвикани од пандемијата, државата […]