Борис Новковиќ се разведува од четвртата сопруга
Хрватска- Пејачот Борис Новковиќ се разведува од четвртата сопруга Ирис Волф. Новковиќ се огласи преку својот фејсбук-профил и според неговите тврдења, не се работи за развод, туку за моментна дестабилизација на односот која се обидуваат да ја решат на свој начин, пренесува Нова.рс.
„Ние се обидуваме да го спасиме ова на наш начин. Мојата работа е јавна, ама тоа не значи дека треба да бидам нечесно третиран, бидејќи мојата помлада сопруга можеше тоа емотивно тешко да го прими и тоа можеше дополнително да го дестабилизира нашиот моментно дестабилизиран однос“, рече Борис.
Како што пренесува Глориа.хр, Борис и Ирина откриле дека веќе не се заедно како двојка, но ќе продолжат да функционираат како пријатели и родители.
Тие се венчаа пред една и пол година и во бракот ја добија ќеркичката Си.
„Девојчето го нарековме Си. Ирис и јас заедно го биравме името. Корените се од хебрејскиот јазик, а дури и во Кина постои такво име. Генерално ние направивме изведенка од нашите имиња Ирис и Борис“, рече тогаш Борис.
Пред бракот со Ирис, Борис Новковиќ имаше три неуспешни брака. За бившите сопруги и девојки пејачот секогаш кажуваше само убави зборови.
„Се менував и постојано се менувам, тоа ни е задачата на овој свет, нели? Да се запознаеме себеси, да спознаеме кои сме, од каде доаѓаме, каде одиме и која е нашата смисла. Јас сум романтична личност, но често најромантичните моменти ги доживеав сам со себе, кога би отпловил некаде во соништата и би замислувал нова љубов која ме чека некаде зад аголот. Поентата е дека засекогаш верувам во љубовта и никогаш не престанувам“, вели Борис.